Тачи: Договорено е да се распуштат српските полициски структури

Косовскиот премиер Хашим Тачи во вторникот потврди дека на неодамнешната средба со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Брисел, начелно била постигната согласност да се расформираат полициските и разузнувачките структури на Србија на северот на Косово.Тачи додаде дека ќе се формира асоцијација на општини со мнозинско српско население на северот на Косово и дека тамошните четири општини ќе одржат избори за органите на локалната самоуправа.Според него, предвидено е да бидат отворени судови во Лепосавиќ и Звечан, со што ќе се овозможи функционалност на правосудниот систем.Од друга страна Дачиќ вчера изјави дека Србија нема да дозволи институциите на Србите на северот на Косово да биде институции на независно Косово. Белград негира дека има безбедносни структури на Косово.
МакфаксКосовскиот премиер Хашим Тачи во вторникот потврди дека на неодамнешната средба со српскиот премиер Ивица Дачиќ во Бри

Пронајдете не на следниве мрежи: