Тадиќ: Бог ме спаси да не учествувам во клучните и одлучувачки моменти за Косово

Поранешниот српски претседател и почесен претседател на Демократската партија, Борис Тадиќ, за она што неодамна го опиша владиката Григорие, призна дека најверојатно Бог го спасил да не учествува во клучните и одлучувачки моменти за Косово. 
 
„Можеби ме спаси на некој начин. Секој кој се занимава со политика мора да ги гледа годините пред себе. Јас не гледав баш среќни години пред нас кога во 2004 година бев избран. Можеби Бог ме спаси, но јас без погодтвен и да не беше така“, рекол Тадиќ. 
 
Тадиќ смета дека бриселскиот договор ќе биде спроведен во поголем дел и тоа дека Србите од северот не може да го изменат. 
 
„Верувам дека на крајот ќе биде постигнат некаков договор, можеби некои политичари или бизнисмени од северот имаат асиметрична позиција, но верувам дека работата ќе се реши и ќе се стави крај на агонијата. Граѓаните на Србија не сакаат повеќе Косово да биде камен пред нивната врата, туку дека тоа прашање мора да се реши“, оценил тој.  Поранешниот српски претседател и почесен претседател на Демократската партија, Борис Тадиќ, за она што неодамна го опи

Пронајдете не на следниве мрежи: