Речиси половина Русија верува во тајна светска влада. Односно дури 45 %. Тоа се податоците од најновата анкета. Мислењата за составот на таквата „влада“ во Русија се различни. Едни сметаат дека со планетата управуваат олигарси, други мислат дека тоа се американците, трети масоните. Конфузијата во одговорите, јасно поттикнува дека владата е тајна! Во нејзиното постоење веруваат третина од испитанците во Русија.
-Тие 45 % од нашите сограѓани во суштина се во право, но грешат во прашањето на формата- вели историчарот Андреј Фурсов, кој со години ја изучува светската елита.- Но тајната наднационална структура за хармонизација и контрола над светот се реалност. Овие структури често ја диктираат својата волја на владетелите, парламентите, поедини лица. Но овие во секој случај не претставуваат некаков орган на светската елита.
-Што е светска елита?- Можеби тоа е навистина конспиративна влада на планетата.
Светската елита претставува севкупност на монархистичките семејства, стара европска аристократија, банкари и индустријалци. Тие се меѓусебно поврзани деловно, роднински и со окултни врски и организирани во тајни ложи, клубови итн. Таквата семејно-деловна мрежа постои во сегашниот облик во последните 150-200 години.
-Овде спаѓа и англсиката кралица?
Се разбира. Како и холандското кралско семејство. Сите тие не се украсни фигури.
-А Обама?
Ма сочувај Господе! Па уште Клинтон збореше дека Обама е единствено добар да му донесе кафе на него и неговата сопруга во кревет, тогаш Обама во оваа светска елита би бил келнер. Што се сите претседатели на Западот? Па само чиновници, кои глобалната елита ги најмува да им служат на нивните интереси и ги поставува на високи позиции. И при тоа како по правило светската елита поставува специјално назначени набљудувачи на истите.
Во реалноста, претседателот и премиерот се помагачи. Редок исклучок е Буш Постариод и неговиот син. Буш се на врвот на светот, но сепак тие се само исклучок. Како по правило претседателите и премиерите доаѓаат од средна класа на која врвот гледа „од висина“.
А Бил Гејтс, еден од оние кои се на листата на Форбс како милијардери, дали тој влегува во светската елита?
-Секако дека не, како и сите претставници на „новопечените“ богаташи вклучувајќи и олигарси кои зборуваат на руски. За сите нив, кај светската елита важи следново: Ајде оди дома и измиј си го лицето.
-Но зошто е толку јак митот за светската влада?
-Тој мит не дошол туку така. За неопходноста за создавање на светска влада се зборувало уште кон крајот на 18-тиот век помеѓи швајцарските и еврејските банкари, илуминати. Во 20-ти век за тоа како конкретна задача зборуваа и претставниците на светската елита како Варбург, Н. Рокфелер, Атали и многу други. И иако светската влада не била создадена, елитата се насочила во тој правец.
-И дали успеаа?
Мислам дека не. Светот е премногу голем и сложен за да се управува со него од еден центар. Тоа е прво, а второ е што светската елита не е единствена. Клановите си конкурираат едни на други и во посткапиталистичкиот свет нема место за нив. Па така се договаараат две, три десетици Семејства. Меѓутоа тоа не е доволно да се создаде светска влада. Неопходни се уште стотина. На пример да се намали светската популација од седум на две милијарди, да се опустоши голем дел од планетата со војни, епидемија и глад, да се уништи постоечкиот систем на образование и сите видови идентитет- национален, семеен, расен, сексуален, се што е човечко.
На Западот, уништувањето на идентитето е во полн замав. Но постои и Русија, Кина, Индија, Исламскиот свет, Латинска Америка, каде сите овие „трик-мајстори“ не поминуваат, каде е невозможно цивилизациско убиство во духот на современиот Запад на чело со САД. Во таа смисла треба да се напомене дека во моменталната конфронтација помеѓи Русија и САД, наднационалната структура помеѓу останато, крие расправија на два проекти за идината, два светски налози, човечки и анти-човечки.
-Но што е со „златната милијарда“?
– Во голема мера таа „работа“ личи на огниште насликано на платно за приказната на Пинокио. Пред 30-40 години, се претпоставило жителите на северот(САД, Западна Европа), кои не се повеќе од милијарда, се затвориле во тврдината „Север“ и оттаму управувале со светот. Меѓутоа, неолибералната контрареволуција од период на 1980-2000 година со својата потрага по максимален профит го погребала проектот „златна милијарда“ во својата оригинална верзија.
Доларот го поматил разумот, а Северот, со цел да искористат евтина работна сила, ја покренале масата од Југот, Латиноамерикаците, Африкаците, Арапите….Југот сега е цврсто укоренет со Северот и се појавила жестока противречност, преполна со застрашувачка експлозивност. Од една страна – стариот дел од популацијата се загуби во порокот и перверзијата(христијани). А од друга страна младиот дел, односно осиромашените, огорчените се ориентирале кон семејсните вредности(муслимани).
Пред или подоцна помеѓу тие два блока се создава хаос и секако „златната милијарда“ како стратегија на светската елита е минато.
-Некои теоретичари, се до граѓанската војна во Украина, се сведуваат на спорот помеѓу Ротшилд и Рокфелер. Тој кој ќе победи ќе управува со светот!
Навистина во последно време активно се истакнува оваа конфронтација. Тој спор навистина постои. Одиграл голема улога во 20-тиот век. Интересно е што почетокот на овој спор бил во Руската империја. Па така Рокфелер го „спонзорирал“ штрјакот на работниците.
А со Рокфелер посебно во првата половина на 1930-година СССР работел многу активно, иако после смртта на Рокфелер интензитетот опаднал.
-Многу интересно! А што е со сегашната етапа на борба помеѓу Ротшилд и Рокфелер?
Сега е се комплицирано. Прво освен борбата постои партнерство, двата клана имаат свои претставници во сите сериозни тајни структури иако се противречности по прашање на светската валута, барем за сега се суштински непремостливи. Друго, игралиштето на светскиот врв не се сведува само на овие две групи. На крајот, нешто ми вели дека и со десничарите и со левичарите манипулираат исти лица и групи.
-Можеби некој е побогат од нив?
Тој или тие не мораат да бидат побогати од нив. Парите се само во функција на моќта во чија основа лежи овој или оној систем на идеи-световни а често и окултни. Информацијата и енергијата се поважни од материјата, а метафизиката од физиката.
Продолжението од текстот на следниот ЛИНКМислењата за составот на таквата „влада“ во Русија се различни. Едни сметаат дека со планетата управуваат олигарси, други мислат дека т