Тајни пораки испратени со тек на времето и во вселената- II дел

Вчера бевте во можност да прочитате за тоа на кој начин ке комуницирате со универзумот и колку време ќе ви треба. Денес ви го претставуваме вториот дел од текстот. На следниот линк можете да се потсетите на првиот дел: Тајни пораки испратени со тек на времето и во вселената – I дел Но, чекајте има уште. Овој организам(?X174) не содржи еден,туку три парови од овие гени што се преклопуваат. Ако се брои бројот на буквите во овие преклопувачки секвенци, ќе најдете дека тие се 121, 91 и 533. Секој од овие е производ на два прости броеви (11х11, 7х13 и 13 х 41). Колку е чудно тоа? Тоа е широко прифатениот потпис на интелигентна порака, претворувајќи се на најчудните места.”
Гринспун проба да ја декодира пораката како дводимензионална порака, но резултатите беа безначајни.
Која е потребата од испраќање пораки во вселената преку микроорганизми? Дали е можно да испратиме пораки низ огромниот простор и време и да зборуваме со идните генерации? Може ли да постојат огромни количини на информации во секојдневниот живот,а ние едноставно сеуште не сме го откриле тоа?
Постои теорија, наречена Directed Panspermia, која ја објаснува идејата дека микробски живот може да биде испратен на безживотна планета,со цел да се започне и да се рашири животот низ галаксијата.
Овој концепт можеби сте го виделе во различни начини, како во филмот Прометеј, каде вонземјанин доаѓа на нашата планета и ги прикажува основите на живот,од кои сите суштества се развиваат.

Други теории вклучуваат метеори кои пренесуваат микроорганизми на земјата и откако ќе пристигнат, почнуваат да се развиваат. Микроорганизмите треба да бидат екстремофили за да го преживеат студот и услови без кислород.
Ако ова е случајот, тогаш можно е различните потекла за животот да се проследат од земјата, погодена од метеори од различни краеви на галаксијата или пошироко.
Еден пример е теоријата на филозофот Теренс МекКена, каде тој зборува за единственоста на печурките псилоцибин.
Научниците веќе се обидуваат да кодираат ДНК на растенија со пораки. На пример, Џо Дејвис планира да ја кодира информацијата од Википедија во ДНК-та на јаболко.
Какви тајни чуваме? Што е со растенијата и животните ? Можеби во текот на следните неколу години, ќе се открие повеќе за нашето потекло,отколку што некогаш сме замислувале.
Можеби, во или околу нас ќе ги најдеме одговорите кои ги бараме за нашето физичко и духовно потекло. Но, чекајте има уште. Овој организам(?X174) не содржи еден,туку три парови од овие гени што се преклопуваат. Ако се брои бројот на буквите во овие

Пронајдете не на следниве мрежи: