Татко ја оставил слепата ќерка на пруга да ја прегази воз: Се случило ДВОЈНО ЧУДО!

Манастирот Острог е сместен во карпи, високо во црногорските планини и е изграден во средината на 17 век. Посветен е на Свети Василиј Острошки. Многу православни верници сведочат дека на ова место се случуваат чуда.Во регионот се прошири приказна за случајот на слепото девојче Вера, кое прогледало по престојот во манастирот.
Несаканото девојче го спасиле добри луѓе
Вера е родена во 1960 година како четврто, непланирано и несакано дете во едно семејство од Суботица. Таткото одлучил да ја остави на пруга, посакувајќи ја нејзината смрт. Но, добар човек по име Бранко, го слушнал нејзиното плачење и ја спасил. Бранко и неговата сопруга Нада одлучиле да го посвојат девојчето.
По два месеци забележиле дека девојчето има проблеми со видот. Ја однеле на лекар којшто ги потврдил нивните сомнежи. Ја носеле по болници за да се уверат дека има спас за нејзината состојба, но лекарите немале лек.

Чудесно закрепнување по сон со ангел
По некое време, тие одлучиле да го однесат девојчето во манастирот Острог, бидејќи слушнале дека многу луѓе таму чудесно оздравеле. Духовниците таму се молеле за неа, ѝ давале благослови и го повикувале нејзиното оздравување.
Една вечер, Вера сонувала ангел кој ја повикал кон себе. Девојчето се пресекло од сонот, ги отворило очите и како што велат, вреснало кога за прв пат здогледало светлина пред себе.
По оваа случка, таа со родителите останала уште неколку дена да престојува во манастирот. Најпрво почнала како низ магла да гледа сенки и контури, а на крај сосема прогледала.Во регионот се прошири приказна за случајот на слепото девојче Вера, кое прогледало по престојот во манастирот.
Несаканото девојче

Пронајдете не на следниве мрежи: