Таткото на Лука: Ми се исполни желбата- Милиќев да биде уапсен пред 40- дневниот помен на Лука

„Кога слушнав дека е уапсен Марко Милиќев, тагата и болката во моето срце на момент ги замени утехата. Мојата желба се оствари“, вели Бојан Јовановиќ, татко на Лука Јовановиќ, кој на 25 јули беше  прегазен од страна на Марко Милиќев.
Милиќев е уапсен во Кина, а како што истакнал министерот за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ, тој ќе биде екстрадиран  во Србија за неколку дена или најмногу „неколку недели“.
“Исполнета ми е желбата пред 40-дневниот помен на мојот син Лука, осомничениот возач да биде зад решетки. Се надевам дека и “мини кантрименот“ набрзо ќе биде пронајден“, рекол Бојан.

Таткото на Лука истакнува дека сега на ред е обвинителството, во кое, како што наведува, има многу доверба. Како што вели, верува дека ќе биде сторено се за личноста која го однела животот на Лука да ја добие потребната казна.
„Не беше лесно да се најде човек помеѓу милијарда и 300 милиони луѓе. За сега немаме повеќе детали за неговото движење во централна Кина. Без разлика на тоа што немаме заклучен договор за екстрадиција, благодарение на амбасадорот на Кина мислам дека работата ќе оди побрзо отколку што предвидува редовната процедура, која би можела да потрае повеќе недели“, изјавил Небојша Стефановиќ.„Кога слушнав дека е уапсен Марко Милиќев, тагата и болката во моето срце на момент ги замени утехата. Мојата желба се оствари“, вели БТаткото на настраданото момче, Лука Јовановиќ, истакнал дека се надева дека наскоро ќе биде пронајден и автомобилот кој го возел Марко Милиќев.

Пронајдете не на следниве мрежи: