Овој текст се нарекува „Дезидерата“, од латински – пожелно, потребно. Многумина сметаат дека датира од 1692 година и е пронајден во старата црква „Свети Павле“ во Балтимор, Мериленд, а дека авторот е непознат. Но, всушност, авторот на оваа прекрасна ода за хармонија, среќа и љубов е американскиот поет Макс Ерман кој ја напишал песната во 1927 година. Текстот на песната носи убава античка мистика.
„Дезидерата“ дава темелни одговори на многу духовни прашања, но создава и нови. Во триесетина редови најмногу е објаснета едноставната смисла на животот.
Текстот се користи во одредени терапевтски активности, бидејќи е преполн со оптимизам и мудрост, смирува и инспирира, а водено дава енергија за развој и справување со проблемите.
Создава желба да живееме избалансирано и да бидеме среќни.
А текстот оди вака:
Дезидерата
Мини мирно низ метежот и забрзаните толпи и сети се каков мир носи тишината.
Одржувај добри односи со луѓето, но не ја спуштај главата.
Негувај ја твојата вистина тивко и јасно, но послушај ги зборовите на другите дури и да се глупави и неуки, бидејќи тие исто така имаат што да кажат.
Избегнувај ги гласните и агресивните, бидејќи тие го дразнат духот.
Ако се споредуваш со другите, можеш да станеш суетен или безмилосен, бидејќи секогаш ќе се најдат поголеми или помали од тебе.
Радувај се на постигнувањата и на плановите.
Заинтересирај се за работата колку и да е таа скромна, тоа е вистинско богатство, со оглед на превртливоста на судбината.
Биди претпазлив во работата, затоа што светот е полн со измамници.
Но, нека тоа не ти затвора очите за добродетелта, многумина од луѓето се борат во името на повисоките идеали и затоа во животот постојано се соочуваме херои.
Биди верен на себе и пред сè не покажувај лажна љубов. Не биди циничен во однос на љубовта, зашто меѓу целата пустош и разочарување таа е вечна како тревата.
Прашај ја мудроста на годините и без болка прости се од младоста.
Негувај ја силата на духот, за да те чува при некоја несреќа.
Но, чувај се од имагинарните потешкотии. Многу од стравувањата ни се раѓаат од замор и осаменост.
Имјате благоразумна дисциплина и бидете снисходливи кон себе.
Ти си дете на Универзумот, исто како дрвјата и ѕвездите и ти имаш право да бидеш тука.
И независно дали го разбираш тоа, знај дека секој во Универзумот го следи својот вистински пат.
Затоа, биди во хармонија со Бога, без разлика како тој изгледа во твојата претстава.
И покрај сите напори и стремежи, биди во мир со твојата душа.
Со сета негова суета, со сите потешкотии и скршени соништа, светот е сепак прекрасен.
Биди внимателен. Обиди се да бидеш среќен.
Но, всушност, авторот на оваа прекрасна ода за хармонија, среќа и љубов е американскиот поет Макс Ерман кој ја напишал песната во 1927 година. Текс



