четврток, 12 ноември 2026
Најново

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА на излезот од Гостивар: Загинаа 2 лица

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Две лица се загинати во страшна сообраќајна несреќа која се случила денеска попладне на излезот од Гостивар, објави „Канал 5“.Во директен судар на две возила „Мерцедес“ со црногорски регистарски ознаки и „Опел Астра“ со охридски регистарски таблички животот го загубиле Ѓ.С. (61) и сопатничката А.С. (28).
Двајцата загинати се сопатници на патничкото моторно возило „Опел“, а возачот со иницијали Н.С. од Кичево на возраст од 30 години со повреди е пренесен во медицинскиот центар во Гостивар.
Во полициската станица Гостивар приведен е возачот на Мерцедесот со црногорски регистарски ознаки кој е на возраст од 55 години од село Раотинце Тетово.
Увидот е во тек, а на патниот правец Гостивар – планински премин Стража, сообраќајот е во прекин.Во директен судар на две возила „Мерцедес“ со црногорски регистарски ознаки и „Опел Астра“ со охридски регистарски таблички

Поврзани вести