Македонија полека но сигурно влегува во еден тежок фудбалски скандал од кој очигледно ќе се бара одговорност на највисоки нивоа.По серијата критики упатени кон Фудбалската Федерација на Македонија од страна на македонскиот супер-талентиран фудбалер од редовите на Барселона „Б“ тимот за „наводно“ неорганизираност на последниот квалификациски натпревар на нашата млада селекција против Португалија, излегуваат на виделина и останатите недојаснети информации околу оваа приказна.
Имено, во дел од македонските медиуми излезе соопштение во кое се наведуваше дека истото е од страна на Фудбалската Федерација на Македонија со што се демантираа изјавите на Давид Бабунски за „наводната“ неорганизираност на ФФМ во однос на квалификацискиот натпревар што нашата селекција за играчи до 21 годишна возраст го играше на гостински терен кај соодветната репрезентација на Португалија.
Она што побуди голем интерес отпосле беше „наводната“ изјава која селекторот на македонската фудбалска репрезентација за играчи до 21-годишна возраст, Бобан Бабунски ја дал по повод „одличната организација“ за гостувањето кај Португалците, со што „наводно“ Бобан Бабунски го демантирал Давид Бабунски, својот син.
Приказната добива свој епилог, овој пат од се чини најверодостојниот извор – токму селекторот на Македонската млада фудбалска репрезентација кој преку својот официјален „Facebook“ профил се огласи до целата македонска спортска јавност.
Повеќе на :sport.365.mkПо серијата критики упате