H&M се фокусира на проширување во Кина и САД откако шведскиот продавач на мода ги откри разочарувачките продажби и профити во 2012-тата година и тешкиот старт за оваа година.
H&M планира да отвори околу 50 продавници во Кина, а веќе има 123 постоечки. Исто така ја обновува и веб страната и лансира нови мали брендови.
Главниот извршен директор, Карл-Јохан Персон изјави:
„Тргувањето во многу земји е уште попредизвикувачко во 2012-тата во споредба со 2011-тата година. H&Mќе отвори 325 нови продавници во 2013-тата година и ќе влезе во Чиле, Естонија, Литванија, Србија и Индонезија за прв пат“.
Исто така, ќе отвори продавници за своите нови брендови оваа пролет во Шпанија, Германија, Данска, Британија, Италија, Франција и Шведска.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.H&M се фокусира на проширување во Кина и САД откако