Тимови од Пехчево помагаат во санирање на штетите од поплавите

Два тима од Пехчево од денеска работат на санирање на штетите од поплавите во Скопје, со што и оваа општина се вклучува во акцијата за помагање на настраданите во поплавите кои го зафатија скопскиот регион.Градоначалникот Игор Поповски истакна дека Пехчево подготвува уште два тима составени од 10-ина луѓе кои со соодветна опрема ќе работат на расчистување на теренот.
– Ние сакаме да им помогнеме на нашите пријатели од поплавените скопски региони. Со човечки ресурси и несебично ќе се заложиме да помогнеме да се расчисти теренот, да се испумпа водата и калта од домовите на настраданите, рече Поповски.
Во Општина Пехчево  од денеска е отворен пункт каде граѓаните можат да донираат средства, а хуманитарната акција Општината ја организира заедно со невладините организации, јавните претпријатија и установи од Општина Пехчево, во соработка со државните институции и Црвениот крст.
– Општина Пехчево има обезбедено 2,5 тони флаширана вода и конзервирана храна, а од денеска ги повикуваме граѓаните да донираат. Со донирање на најнеопходните производи, општина Пехчево уште еднаш ќе ја покаже својата хуманост на дело. Во акцијата очекуваме покрај граѓаните да се вклучат и јавни институции и приватни фирми, рече Поповски.
Собирната акција за помош на настраданото население ќе се одвива во периодот од  12 до 16 часот на градскиот плоштад во Пехчево, а пунктот ќе биде отворен нардените три дена.Градоначалникот Игор Поповски истакна дека Пехчево подготвува уште два тима составени од 10-ина луѓе кои со соодветна опрема ќе работат на расчисту

Пронајдете не на следниве мрежи: