Тинејџер испукал седум куршуми во поранешната девојка поради љубомора

И двете момчиња кои во средата попладне учествувале во пукањето  о близина на Економското училиште  од претходно и се познати на полицијата, а ова им било второ пукање во центарот на градот за ова лето.Во средиштето на нивниот конфликт е девојка поради која момче, во кое било пукано,  два пати крадел дневници од едно основно училиште  за нејзините родители да не дознаат колку неоправдани изостаноци има.
Поради љубомора, тој се обидел да и ја уништи прославата на полуматурата, на која отишла со пријателот, па така лажно пријавил дека во Домот на малдината е подметната бомба.
Полицијата го привела, но поради тоа што тогаш бил малолетен  бил пуштен на слобода, а Центарот за социјална работа му одредил мерка засилен надзор.
По лажната дојава, девојката раскинала со него и набрзо започнала врска со седумнаесет годишно момче кое во средата го нападнало и ранило.
Љубоморното момче не можело да се помири со тоа дека па вечерта на 22 јули испукал седум куршуми во правец на поранешната девојка и нејзиното ново момче.
Во таа прилика полесно е повреден случаен минувач, а нему  му бил одреден едномесечен притвор поради предизвикување општа опасност и нелегално поседување на оружје.
Од притвор излегол пред неколку дена, а според неофицијалните информации, седумнаесет годишното момче  пукало за да му се одмазди па во средата по 16 часот пукало  во негов правец, но го промашило.Во средиштето на нивниот конфликт е девојка поради која момче, во кое било пукано,  два пати крадел дневници од едно основно училиште  за

Пронајдете не на следниве мрежи: