Тодор Александров 04.03.1881

„Генијален водач“, „најголем воин на Балканот“, „фанатичен патриот“, „најсилна појава на борбениот македонски дух“, „Последен Мохиканец на Балканот“, „Робин Худ на Балканот“, „голем апостол“, и „легенда“на ВМРО ИЛИ  „врховист“, „предавник на македонското дело“, „родоотпадник“, „главорез“ Тодор Александров Поп-Opушов Ново Село, 4 март 1881 – Сугарево, 31 август 1924 македонски политички лидер и еден од водачите на ВМРО.
генијален водач“, „најголем воин на Балканот“, „фанатичен патриот“, „најсилна појава на борбениот македонски дух“, „Последен Мохиканец на Балканот“, „Робин Худ на Балканот“, „голем апостол“, и „легенда“на ВМРО ИЛИ  „врховист“, „предавник на македонското дело“, „родоотпадник“, „главорез“ 
Тодор Александров е роден на 4 март 1881 година, во Ново Село, штипско, во семејството на свештеникот Александар Поп-Орушев и Марија. Таткото на Тодор бил учител во Радовиш, просветител и надарен човек, црковен пејач, поет, собирач на народни умотворби. Тој бил ученик во  машкото 3-то класно и педагошко училиште во Скопје и таму како ученик, Тодор Александров се вклучува во македонското револуционерно движење.
Во учебната 1897/98, на возраст од 15 години, за време на своето школување во педагошката гимназија во Скопје бил вклучен во редовите на Организацијата од страна на тогашниот директор на гимназијата, Христо Матов. 
Во 1903 г. Александров учествува во снабдување на дел од експлозивот за Солунските атентатори. Главно соработувал со Павел Шатев, александров на гемиџиите им ипраќал динамит по возот кој се обраќал  Ќустендил-Солун и тоа во канти за шарлаган.
Во почетокот на 1903 година бил назначен за околиски раководител во Кочанскиот реон. Како резултат на предавство, на 3 март 1903 година е осуден на 5 години затвор и казната ја издржува во скопскиот затвор Куршумли ан.
По 13 месеци, во април 1904 година бил амнестиран. Наскоро потоа е назначен за главен учител на II-ро класно училиште во Штип. Александров заедно со Тодор Лазаров и Мише Развигоров деноноќно работел за организирањето на штипскиот револуционерен реон. Резултатите од неговата активност се забележани и од турските власти, кои во ноември 1904 година му забрануваат да учителствува. На 10 јануари 1905 година неговата куќа е заградена од многуброен аскер, но Александров успева да се измолкне од војничкиот кордон и се присоединува кон четата на Мише Развигоров, на која што станува секретар. Александров бил делегат на штипскиот реон на Скопскиот конгрес.
Неговото расклатено здравје го тера да стане учител во Бургас во 1906 година, но разбирајќи за смртта на Мише Развигоров, тој го напушта учителството и заминува за Македонија. По убиството на Развигоров, станал секретар на кочанскиот околиски војвода Симеон Георгиев. На Третиот конгрес на Скопскиот револуционерен округ(ноември 1907) е избран за еден од окружните војводи на овој округ. По внатрешните поделби на Организацијата, Александров се приклонил кон конзервативното крило и како таков учествувал во работата на Ќустендилскиот конгрес кога дошло до дефинитивен расцеп. За време на Хуриетот не го предал оружјето и се повлекол во илегала.
По Младотурската револуција, Реформска струја се откажала од вооружените методи и решиле својата борба за Македонија да ја продолжат по пат на легални методи преку Народната федеративна партија. Наспроти нив, конзервативната струја предводена од Христо Матов ги запазила старите принципи на Организацијата и сметале дека ослободувањето на Македонија може да се изврши со помош на Бугарија.
Оваа групација го задржала старото име ВМРО и со вооружени методи продолжила да дејствува против Младотурците. Бил формиран Централен комитет во кој влегле Тодор Александров, Христо Чернопеев и Петар Чаулев, а за резервен член бил избран Александар Протогеров. Од оваа групација подоцна ќе произлезе ВМРО (Автономистичка).
Во предвечерието на Првата балканска војна, тој организирал серија атентати познати како Магарешки атентати.
Еден од ваквите атентати се случил во почетокот на 1912 година во Штип, на 1 август 1912 во Кочани, а кон крајот на истиот месец во Дојран со цел да се предизвика паника помеѓу турското население 
Сенародниот собир во Софија во август 1912 година, под претседателство наАлександар Протогеров, извршил морален притисок врз Бугарија да и објави војна на Турција. Истовремено со објавувањето и текот на општата мобилизација воБугарија во втората половина на септември 1912 година, Тодор Александров, Александар Протогеров, Тодор Лазаров, полковник Стефан Николов, Петар Д'рвингов, Христо Матов и други, биле повикани кај началникот на Штабот на бугарската армија, генералот Иван Фичев, од кого добиле заповед веднаш да пристапат кон организирање на доброволечки македонски оружени чети.
Под раководството на Александров и Протогеров биле регрутирани повеќе илјади Македонци во рамките на т.н. Македонско-одринско ополчение, кои поради нивната бројност и стравот дека би можеле да го издигнат лозунгот за автономна Македонија, од страна на бугарската воена команда биле испратени да се борат на фронтот во близината на Одрин, наместо во Македонија . Во целокупната балканска мешаница, соодветна улога одиграла и македонската емиграција во Бугарија, која до 1912 година, во поголемиот дел била интензивно вклучена во политичката и револуционерна активност на ВМРО и во сите нејзини струења што се развиле во тоа време. Меѓу тогаш позабележителните жртви на веќе започнатите меѓусебни истребувања на кадрите во ВМРО, кои подоцна ќе добијат грозоморни размери, бил и Герасим Огненов. Тој бил убиен во 1912 година во Аржинското блато, по наредба на Тодор Александров.
Пред почетокот на Втората балканска војна во 1913 година, оваа политичко-воена групација предизвикала вооружени акции и востанија во делот од Македонија под српска власт, а по почетокот на војната се борела во рамките на бугарската војска.
Во време на Првата светска војна, десно-ориентираната ВМРО привремено престанала да постои, а нејзините раководители, четничкиот и војводскиот кадар ја формирале т.н. 11 македонска дивизија, која броела над 30.000 луѓе со сопствен офицерски состав и се борела во рамките на бугарската војска.
Во 1913 г. Александров е началник на разузнавачката служба на бугарските војски во Штип, а за време на Првата светска војна тој е член на Штабот на партизанските одреди на 11. Македонска дивизија како офицер за нарачки. Има средби со сите големи личности во тоа време, а со германскиот цар Вилхелм се среќава дури и два пати, добивајќи од него високи германски воени одликувања.
Неформално, тој е неприкосновен шеф на бугарското воено разузнавање на групата западни армии и како таков во април 1917 година напишал белешки за состојбите во Дебарско
Во неколку наврати преговара со албанските првенци за борба против Србите и Турците, а како лидер на ВМРО уште во март 1911 г. има средба со членовите на албанските организации во Цетиње, Црна Гора. Резултат на средбите е меѓусебна спогодба, како и Охридското востание во септември1913 г., кое ВМРО го кренала против српските поробувачи, а во кое значајно учество земаат и албанските револуционери.
во 1915 година Александров учествува во ликвидацијата на Јане Сандански 
Бугарската влада на Радославов добила од Австро-Унгарија 25 милиони златни круни, а бугарската влада од своја страна ги дала на Тодор Александров. Со овие парични средства, со паролата за автономија на Македодонија и антисрпското расположение кај раководството и четниците на ВМРО се започнало со подготовки за влегување на комитетски чети во оној дел одМакедонија кој бил под српска власт.
Четите на ВМРО, заедно со турски чети и потпомогнати од специјалисти за експлозив и пиротехника од Австро-Унгарија на 20 март (стар стил) 1915 година навлегле на територијата држена од српската власт. Притоа првичната цел на нападот била да се уништи мостот преку кој поминувала железничката линија на реката Вардар кај станицата Удово за да се прекине снабдувањето на српската војска на линијата Солун-Скопје. Во нападот на трите утврдени српски пунктови кај Валандово, Пирава и Удово.
На чело на четите на ВМРО се наоѓале војводите: Ване Стојанов, Петар Чаулев, Љубомир Весов, Панајот Карамфилов, Тодор Петров, Никола Лефтеров, Туше Скачков, Христо Делчев и други, а нивниот број за време на нападот кај Валандово и Удово изнесувал околу 1.000 души.
По идеја на Тодор Александров, Петар Чаулев и Александар Протогеров на 20 декември 1919 година е обновена Македонската револуционерна организација под името Внатрешна македонска револуционерна организација. Префиксот Одринско од името на организацијата бил отфрлен, бидејќи во Одринска Тракија се формирала Внатрешната тракиска револуционерна организација на чело со Тане Николов.
Без да се свика конгрес, Александров, Протогеров и Чаулев биле избрани за членови на Централниот комитет на ВМРО, а за членови на Задграничното представителство биле избрани Георги Баждаров, Наум Томалевски и Кирил Прличев
На 3 февруари 1920 година Тодор Александров, Александар Протогеров, Иван Каранџулов, Никола Стојанов, Георги Баждаров,Михаил Монев, Аргир Манасиев, Наум Томалевски и други, решиле да се обноват четничките акции во Вардарска и Егејска Македонија.
Во мај 1920 година организацијата разполага со 17 чети во Вардарска Македонија и 5 во Егејска, составени од по 15 четници и тројца во резерва. Биле обновени и револуционерените окрузи: Скопски, Битолски, Струмички, Серски и Солунски, со околиските и селските реони. По целата граница на Бугарија со Вардарска Македонијабиле создадени пунктови и канали. Во времето кога Александров влегувал и дејствувал во Вардарска Македонија, кралска Југославија ангажирала 35.000 војници, жандари, граничари, четници, жандарски станици и гранични пунктови.
Од вкупно 17.000 жандари што ги имало во Југославија, 12.000 биле распоредени во Македонија. Кон крајот на 1922 година, неговата глава во Белград е проценета на 250.000 динари- сметајќи дека со 100 динари можело да се купи еден ѕевгар волови главата на Александров вредела непроценливо богатство
Во период од 1920 до 1924 година по ВМРО на чело со Александров извршила повеќе акции и атентати. Во овој период биле ликвидирани голем број значајни дејци на македонското револуционерно движење, бугарски општествени дејци и членови на бугарската влада. На 28 јуни 1921 година бил убиен еден од најистакнатите членови и идеолози на ТМОРО, Ѓорче Петров. 
По ова убиство, на 16 јули 1921 година бил убиен кочанскиот војвода Симеон Георгиев – Кочански, припадник на ВМРО и близок пријател на Тодор Александров. На 5 октомври 1921 година во близина на селото Саса бил разоружан и убиен кратовскиот војвода на ВМРО, Дончо Ангелов. Во 1921 година бил убиен Митруш Циклев, којшто најпрвин бил војвода на ВМРО, а потоа преминал во српска служба. Оваа убиство создало опозиција кон Александров.
Покрај убиствата на дејци од македонското движење, ВМРО на Тодор Александров е најверојатно вмешана во убиствата на истакнати бугарски политичари. Министерот за внатрешни работи Александар Димитров бил убиен на 22 октомври 1921 година од страна на Иван Јанев-Брло. На 4 октомври 1922 година бил убиен активистот на БЗНС, Александар Панов. Во Прага, Чешка, на 26 август 1923 година бил убиен поранешен министер Рајко Даскалов. На 30 октомври 1923 година бил извршен атентат врз бугарскиот политичар и еден од основачите на партијата Народно единство, д-р Никола Генадиев. Сепак најспектакуларно било убиството на бугарскиот премиер Александар Стамболиски.
За време на Септемвриското востание во 1923 година од страна на ВМРО на чело со Александров биле убиени голем број на Македонци – комунисти. Меѓу убиените биле Тодор Чопов, внукот од сестра на Гоце Делчев, браќата Борис, Кирил и Димитар Костовски од село Кочариново, Коста Сандев од село Зарево, Солунско, Никола Иванов од Хисарлак, Сотир Лазаров и Јанчо Хајдушки од Горна Џумаја, Игнат Николов од Цариброд, Васил Коритаров од Босилеградско, Ташко Малев, Јордан Клинчаров и Атанас Георгиев од Горна Џумаја, Иван и Георги Савов од Ќустендил, Стефан од Одринско, Петар Ичков од Горна Џумаја, Петар Здравков од Велес, Евгениј Георгиев, Сотир Календерски и Иван Марков од Горноџумајско, Никола Тодоров Нучков и Стојко Стоилов од Горна Џумаја, Ристо Стојков, Ѓорѓи Иванов Хаџијски, Борис Давитков, Илија Катачки, Методи Мазнев и Петар Димитров. Атентатите на ВМРО (Автономистичка) на чело со Александров во втората половина на 1923 и првата половина на1924 година продолжиле. Во 1923 година бил ликвидиран архитектот Никола Јуруков, еден од водачите на Македонската емигрантска федеративна организација(МЕФО). На 8 јули 1923 година во Софија бил убиен Таската Серски. „Убиството било извршено при неговата операција на слепо црево од страна на професорот Станишев, човек близок до ВМРО, при што Спасов, исечен бил оставен да искрвари и да умре на операционата маса.“ На 26 мај 1924 година од атентатор на ВМРО бил убиен Милан Грашев, автор на брошурата „Мафиите и катастрофите“. На 30 јули 1924 година во Виница бил убиен Мите Соколарски-Суџукаро.
Мајскиот манифест бил донесен на 6 мај 1924 година со неговото потпишување о ополномоштени од  Тодор Александров, членовите на ЦК Александар Протогеров и Петар Чаулев. На манифестот му претходел договор за обединување на македонски револуционерни сили. Александров се обврзал дека ќе се откаже од своите неодамнешни терористички активности и ќе заземе за македонските интереси. Но подоцна Александров ги повлекол овие потписи, во целата таа ситуација.Новиот курс кој Александров кои го зазел за решавањето на Македонското прашање како и откажувањето од потписите на Мајскиот манифест, придонеле да се создадат услови за ликвидација на Александров и негово остранување од раководната позиција на ВМРО.
Тодор Александров на 31 август 1924 година, кај селото Лопово на Пирин Планинабил убиен. За убиство и нарачателот во историската наука постојат повеќе верзии. 

 

Тодор Александров Поп-Opушов Ново Село, 4 март 1881 – Сугарево, 31 август 1924 македонски политички лидер и

Пронајдете не на следниве мрежи: