Промената на презимето по влегувањето во брак, за жената е вообичаена работа, но за мажите? Дали некогаш сте слушнале дека по влегувањето во брак, мажот може да го преземе презимето на својата сопруга? Иако тоа е реткост, всушност тоа го направи Џим Паркс. Неговата сопруга Адел во текстот за The Guardian објасни зошто е тоа така.„Повелете, вашиот клуч, господине Паркс.“ Во тој момент се свртевме со мојот сопруг да го бараме мојот татко. Тогаш двајцата се сетивме. Џим се сврте и ги зема клучевите. Тој е сега господин Паркс.
Кога го запознав се викаше Џим Прајд, што според мене многу ми се допаѓаше. Неговото презиме значи „помош“, а во мојот живот се појави, токму во моментот кога ми требаше инекција од надеж и подигнување на гордоста. Почувстував дека неговото презиме има длабоко значење и секако, тоа е необично и убаво. Моето презиме е Паркс. Онака.. Убаво е. Не е нешто посебно интересно, но лесно се пишува.. И да, мое е.
Можеби никогаш не сум ги работела овие работи, онака како што другите тоа го очекуваат, но верував дека е најдобро за моето семејство. Мојот морален компас е насочен кон моите феминистички убедувања и верувања – Јас можам тоа да го направам, сакам да го направам и не треба да се плашам нешто да направам само затоа што сум жена.
Очигледно, јас сум феминистка. И тој е, зашто и да не е, не би ни стигнале до втор состанок. Ние веруваме дека жените и мажите треба да се третираат еднакво. Тоа не е толку тежок концепт.
Како што реков, ние не ги правиме работите онака како што од нас се очекува или како другите прават. На пример, одбивме да организираме традиционално венчавање. Отидовме во Лас Вегас кога нашиот син Конрад, кој имаше три години и се венчавме. Тоа предизвика бурни реакции, но се поштедив да станам уште една од онаа нервозна младина. Нас тројца поминавме убав ден и по враќањето дома, организиравме прослава за нашите најблиски.
Како што традицијата наложува, по вечавањето луѓето почнаа да не викаат со „господин и госпоѓа Прајд“. Адел Прајд звучи слатко, но и потполно реално.
Како писател, навикната сум да го гледам своето име на кориците по книгите. Имав 35 години кога се омажив со Џим. Можеби сум била престара за промени. Продолжив да пишувам како Адел Паркс, исто и во градинката каде е моето дете, тие и понатаму ме викаа „госпоѓа Паркс“. И мојот син се презиваше Паркс. Тоа беше важен фактор. Сфатив дека ако го променам своето презиме, ќе мора тоа да го стори и тој.
Останавме Џим Прајд, Адел Паркс и Конрад Паркс наредните неколку години. Не можев да се преправам дека немам проблем со тоа. Нешто недостасуваше. Кои сме ние? Семејство Паркс? Семејство Прајд? Искрено, чувствував притисок на вообичаените норми дека семејството е навистина семејство, само ако го делат истото презиме.
Кога Конрад почна на училиште, тој стана свесен за ситуацијата. Ни тој не беше задоволен. Тогаш Џим предложи дека ќе го промени своето презиме. Тоа беше изненадување, но се пошегувавме дека сме демократско семејство. Како што двајца од тројцата членови веќе го носат презимето Паркс, тоа што одлучи, делуваше како добра одлука, но не и лесна. Иако го сакаше своето презиме, своето семејство го сакаше уште повеќе.
Не познавам никој кој направил нешто слично. Многумина не го поставуваат прашањето, ниту пак, сметаат дека тоа е опција за која би размислувале. Фактот е што 85% од жените го менуваат презимето поради мажот, а само мал процент од мажите се спремни да го направат истото. Законски е дозволено, но е невообичаено.
Сепак, како сто кажува Џим, мажите повеќе не ги поседуваат жените. Сега жените имаат своја работа и независен живот, па можеби би требало да се запрашаме дали жените треба да го менуваат презимето. Зошто не и обратно?
Кога Џим одлучи да го менува презимето, се запрашав дали луѓето тоа ќе го осудуваат. Дали луѓето во тоа гледаат сила или слабост? Сепак, тој не се грижеше што ќе кажат другите. Тој сам донесува одлуки. На нашата годишнина, тој донесе документи кои покажаа дека тоа навистина го направил. Луд, романтичен и значаен гест. Го сакам поради тоа, но го сакам и поради многу други причини.
Неговото семејство никогаш не ја коментираше неговата одлука. Благодарна сум им на тоа. Сепак, моето семејство тоа го доживеа како чудна работа. На луѓето им беше потребно време да го прифатат фактот дека Џим тоа навистина го направи. Не би требало ова да биде вест, што мојот сопруг направи нешто што милиони жени тоа го прават секој ден ширум светот.
Можеби со времето и генерациите кои доаѓаат и тоа ќе биде нормално.„Повелете, вашиот клуч, господине Паркс.“ Во тој момент се свртевме со мојот сопруг да го бараме мојот татко. Тогаш двајцата се сетивме



