ТОП 10 НАПУШТЕНИ МЕСТА, а имаат и добра причина за тоа!

Напуштените села, фабрики и воени бази кои на посетителите им предизвикуваат голем страв се најверојатно вистинските дестинациии за „Денот на Вештерките“. Британскиот „Гардијан“ издвоил 10 такви места за посебна врста на туризам.Боди Калифорнија (САД)
Град на духови. Боди е основан во време на Златната грозница и некогаш имал 10.000 жители, а основачот на градот бил извесниот В.С Боди кој во близина пронашол трагови од злато. Околу 1913 година тука веќе започнало да се намалува рудното производство а рудникот е конечно затворен во 1942 година. Сега во него има 100 напуштени објекти кои можат да се посетат.

Тојфелсберг , станица за прислушкување, Берлин (Германија)
Изградена е во текот на 60-те години на минатиот век од американската агенција за безбедност (НСА) Името значи „Ѓаволска планина“ а од локацијата во некогашниот Западен Берлин биле шпиунирани комуникации на советската и источногерманската војска. Сега ова место е во состојба а распаѓање но може да се посети и да се погледнат размерите на параноја од времето на Ладната војна.

Државниот затвор Мисурија (САД)
Оваа мрачна институција е отворена од 1836, а затворена е пред 10 години, а служела како некоја врста на чекалница за осуденици на смрт во американската сојузна држава Мисури. Сега во неа се организираат тури а посетителите пред да влезат потпишуваат документ со кој на себе ја преземаат одговорноста во случај нешто да им падне врз главата.

 

Островот Хашима(Јапонија)
Познат е и како Остров на борбениот брод поради карактеристиките на обликот, оваа мала рударска заедница во близина на полуостровот Нагасаки некогаш имала повеќе од 5.000 жители. Во неа од 1887 до 1974 година се наоѓал индустриски и стамбен комплекс а сопственикот на компанијата „Мицибуши“ го затворил во време кога Јапонија почнала да делува како главен енергент за замена на нафта. Посетите започнале во 2009 година.

Тајнхем,Дорсет (Велика Британија)
Го нарекуваат и село кое умира за Англија. Мала рибарска заедница на пристаништето на Дорсет постоела до 1943 година кога властите го преземале сопствеништвото над земјиштето во округот на подготовката за Дан Д односно префрлување во Нормадија. За разлика од другите села чие земјиште на државата е конфискувано, на жителите на Тајнхем не им било дозволено да се вратат дома и таа област сега припаѓа на британскиото министерство за одбрана.

Форландија (Бразил)
Името и е дадено по својот основач Хенри Форд а била во обид и за американски произведувач на автомобили и индустријалци да создаде независен извор на гуми за своите возила, за да не зависи од постоечките монополи. Форд го купил огромниот имот во Амазон и почнал сред џунглата да гради во американски стил. Проектот на градот со голф терен, библиотека и болница се покажал како целосно промашување.

 

Пирамиден, Свалбард (Норвешка)
Најсеверната локација на светот. Руската рударска населба Свалдбар постоела се до 1998 година кога била ископана и последната залиха на улје. Во населбата со голем споменик постоело детско игралиште, спортска сала и клавир. До него сега се стигнува само со моторни санки по 10 часа патување со брод.

Спиналонга (Грција)
Мало островче кај пристаништето на Крит кое има богата историја и на него се наоѓа тврдина а во скоро време и било едно од последните колонии на лепрозните во светот. Заболените живееле тука во мала заедница од 1903 до 1957 година а во населбата имале берберница, црква, кино. Кога во 50-те години бил откриен лекот против лепрата, многумина пациенти успеале да оздрават и да го напуштат островот кој сега можат да го посетуваат туристи.

Минерал Де Позос (Мексико)
Оваа рударска населба во 2012 година била прогласена за „Пуебло Махико“ или Магичен град, како признание за културното и историското значење кое го имала. Градбите во него датираат дури од 16 век а во текот на 90-те години на минатиот век започнале да се доселуваат уметници, па местото во последната деценија било популарно помеѓу посетителите кои ги расгледувале хациендите и недовршената црква.
Сент Елмо , Колорадо (САД)
Еден од најдобро зачуваните градови на духовите во Колорадо и уште една икона на златната грозница. Настанал во 1880 година и се одржал до 1922 година кога по легендата сите жители седнале во воз и си отишле од таму. Во главната улица сред Недојдија, се наоѓа една дрвена куќичка која е интересна за туристите бидејќи кој сака може и да си преспие во неа.Боди Калифорнија (САД)
Град на духови. Боди е основан во време на Златната грозница и некогаш имал 10.000 жители, а основа

Пронајдете не на следниве мрежи: