Топ 5 парфеми, кои секоја жена мора да ги има – колумна на Александра Грујиќ

Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна приказна, случувања и совети. Денешната тема за која ќе разговараме ќе бидат парфемите.
Ќе се водам од изреката на прочуениот Coco Chanel: „Жената која не носи парфем нема иднина.“ Па, според тоа, ви претставувам 5 парфеми кои секоја жена мора да ги има.
1. JIL SANDER – No4
Парфемот Jil Sender No 4 е направен 1990 година.
Во основата има цветни ноти на: роза, љубичица, јасмин, хелиотроп, ароматични траги и мускатно оревче.
Раскошната база е исто така собрана од повеќе племенити компоненти: амбер, сандалово дрво, мов, пачули, ванила, мошус, коријандер и кедар.
Шишенцето е дизајнирано од страна на Schmidt Studio.
2. ESCADA – Especially Escada
Especially Escada е нов женски парфем на дизанерската куќа Escada, опишан како благ, луксузен и женствен, наменет за разиграни, спонтани и гламурозни жени на денешницата. Супермоделот Bar Rafaeli е избрана за заштитно лице на овој парфем.
Софистицираната и мека роза, росна и свежа, се наоѓа во срцето на парфемот, комбинирана со водени акорди на утринска роса и сензуалниот цвет ylang-ylanga. Свежината допринесува и нота на крушка и семена амбрета, додека во позадина се нежните мошусни тонови.
Дизајнот на шишенцето опишан е како луксузен баланс на современото и класичното – го одликуваат едноствни линии, златно капаче и јака розова боја.
3. CHANEL –  Coco Mademoiselle
Coco Mademoiselle е претставен во концентрација на парфемска вода 2001 година, а во концентрација на тоалетна вода 2002 година. Двете комбинации ги креирал Jacques Polge. Женственото издание на Coco Mademoiselle е претставено и во концентрација на чист парфем како и самото суштинско издание. Богатото издание со преполни нијанси и контрасти можете да го пронајдете во шишенце од 7,5ml парфем, и секоја негова капка го слави духот на Chanel Coco Mademoiselle.
Композицијата е насочена на две препознатливи сосојки на Chanel едицијата – апсолут јасмин и апсолут мајски рози.
4. DIOR – J’adore
J'adore е моден гламурозен мирис, кој стана неверојатно популарен и затоа доби толку многу свои варијации во разни концентрации. J’adore е полн со светлина, неговиот раскошен златен мирис трепери на кожата како сончев зрак. Класиката и амбицијата на овој парфем го отсликува неговото шишенце во облик на грчката амфора. J’adore  е нова концепција на женственост од Dior, мирисот е истовремено толку нов и толку во стилот на Dior – сладок но нежен, благо остар цветен мирис со свежина на мандарина во повисока нота, како и јасмин, слива, орхидеа и роза, потоа мошус и капина во траг. Направен е во 1999 година. Парфемот е креиран од страна на Calice Becker.
5. YVES SAINT LAURENT – Yvresse
Yvresse е блескав и вртоглав парфем, „Champagne“ е неговото старо име. Парфемот е напревен 1993 година.
Yvresse е мирис за секоја прилика и секакво расположение, апсолутно одговара на Наполеоновиот израз: „Пијам шампањ кога победувам, за да прославам…и пијам шампањ кога губам да се утешам.“ Композицијата на парфемот Yvresse звучи доволно „кратко“ баш како молскавично делување на шампањ: штом ќе поминат брилијантните високи ноти, мирисот ве опфаќа со топлина.Основните ноти се: нектарина, анасон, ментол, роза Otto, плава роза, мов, пачули, ветивер.  Yves Saint Laurent го изменил името Champagne na Yvresse, поради тужба од производителот на шампањот. Парфемот го креирала Sophia Grojsman.Дојдете со мене на едно фантастично модно патување. Ќе ве воведам во една многу интересна приказна, случувања и совети

Пронајдете не на следниве мрежи: