Трагична загуба: Со мотор се забиле во ѕид од една куќа!

Андраш Јожа (24) и Адел Керекеш (20), двајцата од Фекетиќ, загинале во страшна сообраќајна несреќа во Мал Иѓош. Тие настрадале кога со мотор со марка „хонда“ излетале од кривината и се забиле во ѕид од една куќа во Бачката улица. Трагедијата се случила вчера околу 4 часот наутро. Пријателот на Јожа кој дошол на местото на несреќата, се уште не може да поверува дека го загубил пријателот.- Бевме заедно до еден ипол. Потоа си отидов дома и околу 5 часот ми се јавија да ми кажат за трагедијата. Веднаш се упатив на местото на несреќата, но се уште не можев да поверувам што се случило. Двајцата лежеа на земјата. Андраш беше пред моторот, а Адел лежеше покрај него. Тој почина на лице место, а таа уште некое време беше жива, но почина додека чекаше да дојде возилото на Брзата помош, раскажува пријателот.
Според неговите зборови, на местото на несреќата се наоѓале и родителите на Андраш.
„Не престанаа со плачење. Кога го прашаа татко му на Андраш што ќе прави со моторот, тој рече: носете го каде сакате, само што е можно подалеку од нас“, раскажа пријателот.- Бевме заедно до еден ипол. Потоа си отидов дома и околу 5 часот ми се јавија да ми кажат за трагедијата. Веднаш се упатив на местото на несреќата

Пронајдете не на следниве мрежи: