Трагикомично е Кире Наумов да ветува работни места и помош за фирмите, кога токму СДСМ е партијата која затвори 684 фабрики и избрка од работа 200.000 луѓе.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Како што ветува денес Наумов, СДСМ ветуваше и на фамозниот 15-ти септември, дека ќе вработи по еден член од секое семејство, за подоцна да си поплука на ветувањата и да заборави на граѓаните.
Наумов може и илјада пати да повтори и да ги уверува пензионерите дека ќе им ја покачи пензијата и на земјоделците дека ќе им ги зголеми субвенциите, но и пензионерите и земјоделците добро помнат дека во време на СДСМ ниту денар не виделе од покачување пензии ниту пак им се исплаќале субвенции.
Наумов може да зборува дека ќе ја покачи минималната плата ако дојде на власт, но сите убаво паметат дека додека СДСМ беше на власт, воопшто не ни имаше определено минимална плата. Наумов вели дека долгот на државата е 4 милијарди евра, а не спомнува дека половина од долгот е дело на СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ гради автопати, училишта, болници, се набавува најсовремена медицинска опрема, нови возови. На што СДСМ ги потроши 2-те милијарди со кои ја задолжи Македонија никој не знае. Никој не знае ниту за една странска инвестиција во време на СДСМ. Странските инвестиции кои ги донесе ВМРО-ДПМНЕ отворија 16.000 нови работни места во државата.
Народот одамна се увери кој лаже, а кој ја говори вистината. Затоа СДСМ веќе 10 години не ја добива довербата на граѓаните. Истото ќе се случи и на 5-ти јуни. Казната за лагите и деструкцијата на СДСМ е неизбежна.Интегрален текст од реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ
Како што ветува денес Наумов, СДСМ ветуваше и на фамозниот 15-ти септември, д