Трајковски: ВМРО- ДПМНЕ инвестира во локална образовна инфраструктура, загрижува односот и непосветеноста на СДСМ кон општинските образовани теми

Во денешната панел дискусија организирана од ВМРО-ДПМНЕ, на тема „Единствените кои инвестираат и го подобруваат образованието“, градоначалникот на општина Гази Баба Тони Трајковски ги истакна резултатите од работата на локалната самоуправа која што е раководена од ВМРО-ДПМНЕ. Локалната самоуправа една од алки во образовниот процес е многу значајна пред се затоа што директно и непосредно ние како општини, како градоначалници непосредно се соочуваме со секојдневните проблеми во основните училишта и во средните училишта. За жал може да констатираме дека  во голем број општини по триесетина, четириесетина  и педесет години наназад немаше изградено нов училишен објект. Во последните 10- тина години во времето на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалиционите партнери се направија големи дела, дела кои што се очигледни и се придонесе за подобрување на воспитно образовниот процес . Преку 400 основни и средни училишта беа реконструирани во сите општини во Република Македонија, а преку 72 објекти беа изградени нови. Тоа е навистина една бројка која што покажува се работеше интензивно, се работеше секојдневно и како што на поменав со еден концепт на здружување на заедничко партнерско учество, истакна градоначалникот на Гази Баба.
Трајковски изрази и сериозна загриженост од односот кој новата влада на СДСМ го покажува во делот на вниманието кон образовниот процес на локално ниво, кој однос според него е на штета на граѓаните.
Ако се направи една паралела, еве веќе триесетина дена минуваат од партиципирање на власта на СДС со нивните коалиции и за жал немаме никаква комуникација со министерството. Оние проблеми што ги решаваме ги решаваме сами со сопствени средства иако голем дел од проектите веќе беа договорени а за дел од нив беа обезбедени средства и требаше веќе оваа година да ги започнеме, истакна Трајковски.
Трајковски се осврна и на дел од проектите кои ги има реализирани како градоначалник во делот на образованието.
Во општина Гази Баба некаде на почетокот на 2015 година се пушти во употреба новото основно училиште Глигор Прличев после четириесетина години  на територија на општина Гази Баба се отвори нов објект, претходно децата учеа во бараки кој што беа дотрајани. Благодарение на министерството за образование и наука и Владата предводена во тоа време од ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери  обезбедивме средства од Светска банка и денес децата од населбата Железара учат во модерно современо училиште со сите оние потребни простории и потребна опрема за квалитетно одвивање на образовниот процес.
Локалната самоуправа една од алки во образовниот процес е многу значајна пред се затоа што директно и непосредно ние како општини, како градоначалн

Пронајдете не на следниве мрежи: