Трамп: CNN е фатен на дело за лажните вести

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја критикуваше мрежата Си-Ен-Ен, која ја обвини за „перфиден“ напад врз него во репортажата, која се покажала како неточна.„Си-Ен-Ен лажни вести, вчера направи перфидна и намерна грешка. Фатени се на дело, како и осамениот Брајан Рос на Еј-Би-Си њуз (кој требаше веднаш да биде отпуштен поради својата грешка“, напиша Трамп на Твитер.
Си-Ен-Ен во петокот објави дека претседателот и неговиот постар син Доналд помладиот, примиле маил со клуч за декодирање, што овозможува пристап до хакираните документи на Демократската партија, објавени на Викиликс, но пред да бидат достапни на јавноста.
Меѓутоа, се покажа дека не е точно, по што Си-Ен-Ен објави исправка, прецизирајќи дека маилот бил со датум од 14, а не 4 септември минатата година, односно еден ден откако Викиликс ги објави документите.
„Гледајте дали Си-Ен-Ен ќе ги отпушти одговорните или станува збор само за голема неспособност?“, напиша Трамп.
Во следниот твит, тој наведе дека слоганот „Си-Ен-Ен – медиуми на кој најмногу му се верува“ би требало да биде Си-Ен-Ен – медиуми на кој најмалку му се верува“ .„Си-Ен-Ен лажни вести, вчера направи перфидна и намерна грешка. Фатени се на дело, како и осамениот Брајан Рос на Еј-Би-Си њуз (кој требаше в

Пронајдете не на следниве мрежи: