Треба ли да носите градник?

Истражувачите веќе 15 години ги проучувале градите на над 330 Французинки и заклучиле дека носењето градник нема да спречи градите со тек на време да се опуштат, или да се чувствува болка во грбот.
– Медицински, физиолошки, анатомски – нема полза од носење градници. Напротив, градите побрзо ќе се опуштат ако го носите-вели професор Жан Џени Рујон на Универзитетот во Безансон.
Научниците дошле до заклучок дека ако жената не го носи овој додаток, мускулите околу градите всушност ќе се подигнат. Сепак, не се препорачува на секоја жена да не носи градник. Ова се однесува на оние жени чии што мускули на градите веќе се опуштени.
Индустријата за долна облека денес е исклучително профитабилна и остварува околу 11 милијарди долари годишен приход.
Резултатите од истражувањето се интригантни и може да предизвикаат полемики, но несомнено Американките наскоро ќе ги исфрлат градниците од употреба. Студијата од Центарот за таленти во иновации, покажа дека жените кои одат на работното место без градник се сметаат за помалку погодни за функцијата директор, а тоа мислење го делат и мажите и жените.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Истражувачите веќе 15 години ги проучувале градите на над 330 Французинки и заклучиле дека носењето градник нема да сп

Пронајдете не на следниве мрежи: