За да може во следната фаза да ги пренесе сите четири бода, кошаркарската репрезентација на Србија може вечерва да се најде во неверојатна ситуација да биде потребен пораз од Црна Гора, пишува pressonline.rs-Имено, во втората фаза се уште има шанси да се пласира Македонија, која ја победи Србија, па нашите би останале на два бода од триумфот над Литванија. На Македонците за пласман им е потребна победа поголема од девет разлика над Летонија, со кого играат во 14:30, пораз на БиХ од Литванија но и победа на Србија над Црна Гора, пишува порталот.
Во тој случај ќе се создаде круг од три селекции помеѓу Македонија, Летонија и БиХ, во кој Македонците ќе бидат најдобри.
Српскиот портал констатира дека токму ова може да биде клучот на нашата елиминација, бидејќи за Србија најважно е да пренесе што е можно повеже бода во следната фаза. Ако Србија изгуби од Црна Гора, тогаш во горенаведениот круг влегува и Црна Гора, а тогаш Македонија сигурно излегува, како и Црна Гора, а во конкуренција остануваат селекциите на Летонија и БиХ.
-Со тоа, селекцијата на Дуда Ивковиќ со пораз од Црна Гора, од кого два пати загуби во квалификациите, себе си ќе си обезбеди максимални четири бода за следната фаза. Сепак, се надеваме дека „орлите“ нема да бидат во ситуација да мораат да изгубат, односно дека Македонија нема да ја победи Летонија со повеќе од девет разлика или дека БиХ ќе ја победи Литванија и ќе се пласира во следната фаза, пишува Прессонлајн.
kurir.mk-Имено, во втората фаза се уште има шанси да се пласира Македонија, која ја победи Србија, па нашите би останале на два бода од триумфот над Литван