ТРЕБАЛЕ ДА БИДАТ МРТВИ: Паднал од 47-ми кат, падобранот не ѝ се отворил…

Човековиот инстинкт за преживување е неверојатна работа. За ова ни сведочат неверојатни приказни на луѓе кои и покрај малите шанси, успеале да останат меѓу живите.Скок со падобран
Џоан Муреј била директорка на успешна американска банка и страствен обожавател на скокови со падобран. Во 1999 година, таа скокнала со падобран од авион кој се наоѓал на 4.400 метри надморска висина. Скокот бил прекрасен, сѐ до моментот во кој Џоан сфатила дека главниот падобран никако не може да се отвори. Помошниот падобран накратко се отворил на висина од 200 метри. Паѓала кон Земјата со неверојатна брзина од 130 км/ч и за среќа паднала на место на кое се наоѓало гнездо на црвени, огнени мравки. Тие ја изгризале преку 200 пати, а докторите веруваат дека токму тоа го спасило нејзиниот живот, бидејќи предизвикало испуштање на огромни количества на адреналин, кои го терале срцето да работи. Таа примила 17 трансфурзии и минала низ 20 операции, а се наоѓала во кома две недели. Но, успешно закрепнала. Храбрата Џоан повторно во 2001 година скокнала со падобран заедно со двете ќерки.
Преживеал пад од 47-ми кат
Алсидес Морено и брат му Едгар биле чистачи на прозорци и работеле во Менхетен со години. Очигледно работата има свои ризици, но тие не се плашеле, додека во декември 2007 година, овие ризици не станале реалност. Додека работеле на платформата, двајцата се лизнале и паднале од 47-­ми кат, речиси од 152 метри височина – право на пешачка улица. Кога пожарникарите пристигнале го пронашле Едгар мртов, а неговиот брат Алсидес бил жив и свесен. По истражувањето, докторите забележале дека Алсидес не ја повредил главата ниту карлицата – двете најчести повреди по таков инцидент.
Мажот бил одведен во ургентното одделение со повреди на ‘рбетот и мозокот, скршени екстремитети, испукани ребра. Докторите очекувале неговото закрепнување да трае најмалку една година или повеќе, но тој бил значително подобро и веќе одел по телевизиски емисии по само 5­6 месеци. Деновите на овој човек како чистач на прозорци се завршени, но останатите негови денови од животот се вистинско чудо.

Жива била закопана
Дваесетгодишно момче од Лидс сакал да ѝ раскине на девојката Микелина Левандовска, но не знаел како тоа да го стори. Затоа решил да ја закопа жива под земја. Ваквата одлука ја донел бидејќи сретнал поубава девојка од неговата и сакал да биде со неа. Полицијата од Лидс ги информирала тамошните медиуми дека Марцин Каспрзак својата две години постара девојка најпрво ја нападнал со електричен пиштол со цел да ја онесвести, а потоа со помош на пријатели, ја закопал во плитка дупка во блиската шума.
Не се мачел да копа длабока дупка бидејќи бил убеден дека девојката е во несвест и дека ќе се задуши многу брзо. Ископаната дупка ја замаскирале со гранки и лисја и си заминале. Но, девојката воопшто не се онесвестила, туку за цело време молчела за да не се доведе во полоша ситуација. Само што си заминале момчињата, почнала да копа и за еден час успеала да најде излез. По излегувањето од дупката веднаш отишла во полиција.
Момчето во полиција признало дека му здосадила девојката и дека сакал да се ослободи од неа, но не знаел како да ја прекине врската.
Мечка им влезе во домот
Во 2011 година, Ричард Моер и неговата сопруга Анџела, од Пенсилванија, нормално се разбудиле и го пуштиле кучето надвор за да изврши нужда. Кучето истрчало од шумата и почнало да завива пред нивната куќа. Ричард ја отворил вратата и кучето влегло внатре, а по него трчала голема црна мечка која влегла во куќата. Мечката ја нападнала Анџела, а кучето скокнало на неа за да ја одбрани газдарицата. Во нападот на мечката се придружил и Ричард.
При борењето, мечката одеднаш престанала со нападот. Се смирила и излегла низ вратата.
„Не можам да добијам на лото, но да ме нападне мечка во сопствениот дом?“, изјавил Ричард.
Иако биле повредени, сопружниците истиот ден биле пуштени на домашно лекување.Скок со падобран
Џоан Муреј била директорка на успешна американска банка и страствен обожавател на скокови со падобран. Во

Пронајдете не на следниве мрежи:

©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.