Три знаци дека сте во токсична врска

Причините да се заглавиме во таков љубовен однос се многубројни, од лоши примери во детството, најчесто од родителите, па се до малата самодоверба…Постојано се расправате со партнерот, не паметите кога последен пат ви упатил убав збор, се плашите да му го кажете своето мислење, бидејќи се плашите од неговата реакција? Не сте единствени. Секоја втора особа се нашла во некој период во токсична врска. Причините за тоа најчесто се: лош пример од детството, најчесто од родителите, ниска самодоверба, страв да бидеме целосно отворени со партнерот…
Таквата врска го влошува здравјето, но е тешко да се прекине, често ќе бараме оправдувања убедувајќи се себеси дека не постои совршенство и дека е само лош период. Сепак, ако ги забележите овие три знаци, време е да се загрижите, бидејќи тие укажуваат дека сте во токсична врска.
Омаловажување
Едно е добронамерна критика, а друго е непрестано укажување на вашите мани, постапки, грешки. Ако на партнерот не му се допаѓа ништо што правите и кажувате. Љубовта вклучува почитување, а омаловажувањето сигурно не е знак дека вашиот партнер ве цени. Време е да се запрашате како сте стигнале до таа точка.
Дистанца
Секој пат кога сакате да разговарате за некој проблем, вашиот партнер бега во друга просторија? Дали е често студен кон вас, избегнува прегратки и милувања? Ако одговорите ви се позитивни, во врска сте со особа која не умее да комуницира.
Беспомошност
Секоја врска има подеми и падови. Не е реално да очекувате крај како од бајките. Но, тоа не значи дека треба да го прифатите фактот дека цело време сте несреќни со таа личност. Смогнете сили да ја напуштите таквата врска и дајте си шанса за нов почеток и среќа.Постојано се расправате со партнерот, не паметите кога последен пат ви упатил убав збор, се плашите да му го кажете своето мислење, бидејќи се плаш

Пронајдете не на следниве мрежи: