Трогателна исповед на девојка која се борела со злобната болест – ракот. Дваесет и пет години, млада, штотуку почнав да живеам…родителите плачат ли плачат, без престан, не јадат, одат како зомби…куќата полна со тага и страв… Двајцата браќа изгубени, како без глави одат низ дома…Јас седам во собата и размислувам зошто баш јас добив рак и тоа толку редок вид што и лекарот не се соочил со таков досега.
Одам до кај мајка ми и ги изговарам најтешките зборови: мамо што и да се случи запамти дека имаш уште две деца за кои мораш да живееш! Одам до кај татко ми и нему му велам: Зошто плачеш? Борец сум јас или не? Болеста најде да се зеза со погрешна личност! Ќе го убијам, ветувам!
Пеколот го поминав…еве помина една година од зрачењата…се изборив, бев како лав, одам повторно, имам и прекрасно момче, животот ми се враќа во нормала.
Раните останаа, како психички така и физички но се уште сум онаа иста личност која сега има среќа во очите. Животот е чудо. Прегрнете ги своите, сакајте се. Здравиот човек е среќен човек.Дваесет и пет години, млада, штотуку почнав да живеам…родителите плачат ли плачат, без престан, не јадат, одат како зомби…куќата полна со тага



