Тројца министри ја напуштија владата на Албанија пред парламентарните избори

Албанскиот премиер Сали Бериша ги прифати оставките на министрите за економија, за надворешни работи и за здравство, и му предложи на претседателот свои нови кандидати на нивните места, објави владината служба за односи со јавноста.Оставки на своите должности поднесоа вицепремиерот и министер за економија, Едмонд Хаџинасто, министерот за надворешни работи Едмонд Панарити и министерот за здравство Вангели Тави, кои доаѓаат од партијата Социјалистичко движење за интеграција, помалиот партнер во коалициската влада на премиерот Сали Бериша.Министрите ги поднесоа оставки од функциите поради намерата на нивната партија на парламентарните избори коишто треба да се одржат на 23-ти јуни да се спротивстави на владејачката Демократска партија на Албанија и нејзиниот лидер Сали Бериша.Инаку Социјалистичкото движење за интеграција се договори на изборите да настапи во сојуз со водечката опозициска Социјалистичка партија на Еди Рама, поради воспоставување „нова политичка рамнотежа“ во земјата и за да и се даде на Албанија „нова динамика во евроинтеграциите“.Во соопштението по повод оставките на тројцата министри, Сали Бериша рече дека секоја политичка партија може да постапува онака како што смета дека е неопходно. Премиерот потсети дека по напуштањето на владејачката коалиција Социјалистичкото движење за интеграција, демократите и нивните поддржувачи се уште го имаат мнозинство во 140-члениот парламент, а владата ќе продолжи да работи под негово раководство.
МакфаксАлбанскиот премиер Сали Бериша ги прифати оставките на министрите за економија, за надворешни работи и за здравство, и

Пронајдете не на следниве мрежи: