Турската национална воздухопловна компанија „Turkish Airlines“ ја повлекува забраната за користење црвен кармин и лак за нокти, изјави во четвртокот директорот на компанијата, откако секуларните Турци протестираа искажувајќи ја својата загриженоста дека земјата станува се` повеќе исламизирана.Претходно во мај „Turkish Airlines“ објави дека користењето на црвениот и темно розов кармин за усни и лак за нокти не биле во согласност со „визуелниот интегритет“ на кабинскиот персонал.Меѓутоа, генералниот директот на воздухопловната компанија, Темел Корил изјави дека тоа упатство го издале премногу ревносните млади директори коишто за тоа не се консултирале со своите надредени.„Што се однесува до црвилото за усни, немавме проблеми, но некако пониските директори го составиле тој документ без за тоа да не` прашат и дој документ протече во медиумите и стана голем проблем“, изјави директорот Котил за медиумите во Лондон,Запрашан дали имало забрана, тој одговорил дека немало и потврдил дека стјуардесите во „Turkish Airlines“ можат да употребуваат кармин и лак за ноктите во која и да е боја.Турската национална воздухопловна компанија „Turkish Airlines” четвртиот по големината европски авион превозник, минатиот петок објави дека цел на забраната на „пастелните тонови” кај кабинскиот персонал е поради тоа што природниот изглед ја подобрува комуникацијата со патниците.„Како последица на фактот дека нашите униформи не ја вклучуваат црвената боја, темно розовата или слични бои, користењето на црвен кармин и лак за нокти во тие бои би го нарушило визуелниот интегритет”, беше наведено во соопштението на компанијата.Критичарите на оваа одлука, пак, велат дека таа е последица на влијанието на владините конзервативни и исламски верски вредности.
МакфаксТурската национална воздухопловна компанија „Turkish Airlines“ ја повлекува забраната за користење црвен к