Турски бизнисмени заинтересирани за воведување на нов оператор на охридскиот аеродром

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески денеска  прими делегација  од Истанбул-  Турција, којашто е заинтересирана за основање на авио компанија,  чии летови би биле со база од охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ и би функционирала како национален оператор.Гостите во придружба на  директорот на маркетинг од ТАВ – Истанбул, Серкан Карахатај  го информираа градоначалникот Бакрачески  дека  би воспоставиле летови  од Охрид кон  Италија, Истанбул, Лондон и Салзбург, а поддршката од Општина Охрид ја очекуваат во делот на субвенционирање на авио летовите. Планираните летови би биле за помал број патници со тоа што би им се понудил поголем комфор и услуга.  
Градоначалникот Никола Бакрачески ги информира гостите дека Општина Охрид веќе ја субвенциониара  авио линијата  Охрид – Лутон со која оперира компанијата „Визер“ два пати во неделата, за што општината има потпишано договор до 2018 година.
Потенцијалните инвеститори се обврзани да достават бизнис план и писмо од интерес до Локалната самоуправа. Градоначалникот  Бакрачески изрази уверување дека ќе се разгледаат сите можности за субвенционирање преку Владата или со спроведување регионални проекти во кои би се вклучиле и соседните општини.Гостите во придружба на  директорот на маркетинг од ТАВ – Истанбул, Серкан Карахатај  го информираа градоначалникот Бакрачески&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: