Тврди дека продава проколнат лаптоп, веќе има понуда од 3.600 долари

Американец од Тексас ќе заработи убава сума пари на e-bay благодарение на тврдењата дека неговиот компјутер Apple MacBook од  2007 година е проколнат.Снаодлив продавач во неделата објавил почетна цена од само 75 долари, па во средата дочекал понуда од 3.600 долари, за која слободно можеме да кажеме дека нема да биде последната бидејќи  до истекот на продажбата останале уште 4 дена.
Сопственикот на компјутерот дочекал дури 138  промени на цената, и сето тоа бидејќи покрај производот напишал неколку реченици во кои  навел дека неговиот лаптоп почнал чудо да се однесува откако во една прилика го заборавил на гробишта.
„Го земав со себе додека правев скици за надгробни споменици да слушам музика, па утредента го најдов се уште отворен како го „пушта“ Бетовен.
„набрзо потоа забележав дека сите мои песни почнале да звучат застрашувачки, а компјутерот сам ја променил фотографијата на екранот во морничав приказ“, напишал продавачот и додал дека тоа било само почеток:
„Забележав дека сака да комуницира. Тогаш му дадов молив, да пишува пораки. На една од нив покојникот порачал дека е неправедно обвинет и погубен во 1902 година на електрична столица, но и покрај околностите морам да нагласам дека компјутерот имаше на мене позитивно влијание и дека понекогаш ми помагаше да ја исчистам гаражата“, напишал помеѓу останатото сопственикот кој  без оглед на бизарната приказна сега притиска F5 на тастатурата и гледа како парите се зголемуваат.Снаодлив продавач во неделата објавил почетна цена од само 75 долари, па во средата дочекал понуда од 3.600 долари, за која слободно можеме да каже

Пронајдете не на следниве мрежи: