Уапсени две лица во Сиднеј обвинети за тероризам

Австралиски суд денеска ги одби барањата за одредување кауција на двајца жители на Сиднеј, уапсени под обвиненија поврзани со тероризам, јави ДПА.Сулејман Халид, 20 години, е обвинет за поседување документи, што имале за цел да се олесни терористички напад. Халид, познат како Абу Бакр, на јавноста е познат откако скандалозно напушти едно тв шоу, облечен во црно палто со знамето на „Исламска држава“ поради прашање дали ги поддржува борците на екстремистичката група во Сирија и Ирак.
Халид повторно ќе биде изнесен пред суд на 18 февруари. Според австралиските медиуми кај него бил отркиен список со евентуални цели за терористички напади.
Вториот осомничен, на 21­годишна возраст, останува со скриен идентитет поради првни причини. Тој е обвинет за кршење на судска наредба, и на него му се ограничува движењето и пристапот до компјутер и телефон.
Двајцата се уапсени во рамки на продолжената антитерористичка операција против група од 15­20 мажи во Сиднеј, чија идеологија е поврзана со ИД. Во рамки на операцијата досега се уапсени 11 лица.
Австралиските власти досега одзедоа пасоши на над 70 австралиски државјани, со цел да ги спречат да заминат да војуваат на странат на ИД во Ирак.Сулејман Халид, 20 години, е обвинет за поседување документи, што имале за цел да се олесни терористички напад. Халид, познат како Абу Бакр, н

Пронајдете не на следниве мрежи: