Убавецот Флојд – гангстерскиот Робин Худ!

Чарлс Артур Флојд е роден во округот Бартоу, Џорџија во 1904г. Седум години подоцна, неговото семејство се преселува во мала земјоделска заедница во Оклахома, каде што тој израснал. Како млад, тој поминал голем дел од времето во Канзас, Арканзас и Мисури.Неговите родители имале мала фарма и едвај спојувале крај со крај. Татко му се потрудил за банката да не им ја земе фармата. Сушата и песочните бури сепак им ги уништија посевите и семејството се обидело да го искористи шверцот на алкохол за да преживее.
Во 1921г, Чарлс се жени за 16-годишната Руби Хангроув, со која подоцна имаат син по име Џек Демпси Флојд. Парите сепак не се доволни и во потрагата по подобар живот, тој го напуштил домот и почнал да бара работа.
Криминален живот
Чарлс бил подготвен да работи сè, но работа немало. Се откажува од потрагата по бројните неуспеси и со последните пари купува прв пиштол. Кратко потоа, на 18 години тој го прави својот прв удар и ограбува една локална пошта. Уапсен е како осомничен, но е ослободен откако неговиот татко излажал дека бил кај него во времето на грабежот.
Подоцна фаќа воз за Сент Луис, каде украл 16.000 долари од продавницата Kroger. Парите му стигнале за неколку недели. Со нив си купил скапа облека и вечерал во скапи ресторани. Повторно бил уапсен токму поради неговото сомнително однесување и расфрлувањето со пари. Тој дури и возел нов Форд. Полицијата го претресува неговиот дом, каде што се откриваат дел од парите. Осуден е на 5 години. Додека ја отслужува казната, се раѓа неговиот син, а жена му бара развод. Ослободен е по 3 години и си ветува повеќе никогаш да не заврши во затвор.
Кога се враќа на фармата на родителите, Чарлс дознава дека неговиот татко бил убиен при семејна расправија со Џеј Милс, кој дури не е уапсен за злосторството. Се смета дека Чарлс го открил и го убил со пушката на својот татко. Потоа започнува да работи како платеник за шверцерите на алкохол долж реката Охајо.
Познат по својот митралез, Флојд почнува да ограбува банки во Охајо, а наскоро доаѓа и до Мичиген, Кентаки и Оклахома. Дури имало случај кога за еден ден ограбил две банки. Поради неговите грабежи, цената на банкарските осигурувања двојно се зголемила во регионот.
Прекарот „Убавиот“ се раѓа по еден грабеж, кога сведок го опишува на полицајците како „младо момче – убаво, со румени образи“. Иако убил многу луѓе, вклучувајќи и полицајци, Лојд станува легендарна фигура, откако почнува да ги уништува документите за хипотека при банкарските грабежи и со тоа ги ослободувал сопствениците на фарми од нивните долгови. Дури раздава многу од парите на луѓето. Поради оваа причина, локалните жители почнуваат да го штитат и дури и го нарекуваат Робин Худ на Куксун Хилс. Флојд бил толку добро чуван, што можел мирно да се шета сред бел ден и дури одел во црква.

Масовното убиство во Канзас Сити
Еден од најконтроверзните моменти во историјата на Чарлс Флојд е неговото учество во обидот за побегне од затвор на Френк Неш, при кој беа убиени четворица полицајци и самиот Неш. Иако во подземјето се пренесувале многу гласини и легенди за случката, Флојд до самиот крај тврдел дека не учествувал во престрелката и дури им пратил честитка на полицајците со порака:
„Драги господа, сакам да констатирам дека не сум учествувал во убиството на полицајците во Канзас Сити. Чарлс Флојд.“
Премногу најверојатно е тоа навистина да е така, откако Флојд често признавал и раскажувал за злосторствата, а никогаш пред тоа не вложувал толку напор да го негира своето учество во истите.
Државен непријател број 1
На 22 јули 1934 година, Џон Дилинџер оди на кино да го гледа гангстерскиот филм „Менхетенска мелодрама“. Полицијата и ФБИ наслушнуваат дека тој е во киното и го демнат однадвор со наредби да пукаат на место при отпор од страна на гангстерите. Дилинџер излегува и се обидува да извади пиштол, по што прави обид за бегство, но е застрелан во грб четири пати.
По смртта на Џон Дилинџер, Чарлс Флојд се претвора во јавен непријател број 1 и е распишана награда од 23.000 долари за негово апсење, жив или мртов. Прогонуван од секој полицаец во земјата, Флојд бега од властите цела година по престрелката во Канзас Сити, користејќи името г-дин Џорџ Сандерс.
Лоша среќа и смрт
На 18 октомври 1934 година, Флојд и Адам Ричети го напуштаат Бафало, Њујорк, но поради густа магла се удираат во телефонски столб. Плашејќи се дека ќе бидат препознаени, тие испраќаат две жени да повикаат влекач. Планирале да почекаат до патот, додека возилото им биде поправено.
Сепак, следниот ден, Флојд и Ричети се забелажани како лежат покрај патот облечени во костуми и кај нив се испратени полицајци да ги проверат. Забележувајќи ги полицајците, Ричети ита кон шумата, а Флојд веднаш почнал да пука во шерифот Џон Фулц, повредувајќи го во ногата, по што побегнал во шумата.
По интервенцијата на поранешниот полицаец Честер Смит, снајперист од ПСВ, Ричети бил фатен. Флојд продолжил да бега пеш и се истоштил многу брзо. Откако на 22 декември се снабдува со малку храна, Флојд си наоѓа превоз во соседството Ист Ливерпул. Неколку полицајци сепак го забележуваат и тој е принуден да излезе од автомобилот и да тргне да бега кон шумата.
 Во овој момент, полицајците отвориле оган кон него, повредувајќи го смртоносно. Според друга верзија, четворица агенти на ФБИ ја пребарувале областа, кога го забележале Флојд како излегува од автомобил вооружен и го застрелале.
Години подоцна, Честер Смит, поранешниот полицаец и снајперист, се вклучил во акцијата и сосема различно ги опишува настаните. Според неговите зборови, тој намерно го повредил Флојд, но не го убил. Откако упатил два куршума кон него, Смит исцрпил Флојд, а потоа се приближил и го разоружал. Во овој момент, агентот Пурвис притрчал и му наредил да се повлече за да зборува со Флојд. Откако го сослушал мафијаш за кратко, добил само вулгарности како одговор. Потоа, тој му наредил на агент Херман Холис да пука. Холис го застрелал Флојд со митралез, убивајќи го на место.
За Чарлс Флојд има многу песни и филмови. Во филмот „Државни непријатели“ тој е одигран од Ченинг Тејтум, но го убиваат пред Дилинџер – што е неточно.Неговите родители имале мала фарма и едвај спојувале крај со крај. Татко му се потрудил за банката да не им ја земе фармата. Сушата и пес

Пронајдете не на следниве мрежи: