Убиено уште едно црномуресто момче од полицаец

Црно момче на 18-годишна возраст е застрелано доцна синоќа од полиција на бензинска станица во предградие на Сент Луис, во американската сојузна држава Мисури.Инцидентот се случил во 23 часот по локално време на бензинска станица на „Мобил“ во Беркли, изјави полицискиот офицер Брајан Шелман.
Според Шелман, полицаецот забележал двајца мажи во близина на бензиската станица и откако им се доближил, едниот од нив извадил пиштол и го вперил во полицаецот.
– Исплашен за сопствениот живот, полицаецот испукал неколку куршуми, нанесувајќи му смртоносни повреди – истакна Шелман.
Отворена е истрага за инцидентот, а идентитетот на жртвата не е откриен во интерес на истрагата.
Настанот е во момент кога регионот е зафатен од расни тензии откако во август годинава во Фергусон полицаец го застрела 18-годишниот Мајкл Браун.Инцидентот се случил во 23 часот по локално време на бензинска станица на „Мобил“ во Беркли, изјави полицискиот офицер Брајан Шелман.

Пронајдете не на следниве мрежи: