Убил тројца студенти муслимани, и потоа мирно се предал во полиција

Полицијата го уапсила напаѓачот кој пукал и усмртил тројца студенти муслимани, маж и жена, во универзитетскиот град Чапел Хил во Северна Каролина, јавија денес американските медиуми.Напаѓачот, идентификуван  како  Крег Стивен Хикс (46), обвинет е за првостепено убиство по три точки на обвинението и се наоѓа во затвор во Дарам, пренесува агенцијата AFP.
Жртвите се идентификувани како жители на Чапел Хил, Деах Шади Баракат (23), неговата сопруга Јусор Абу- Салха (21) и нејзината сестра  Разан Абу- Салха (19).

Баракат бил студент на втора година стоматологија во чапел Хил, а неговата сопруга требало на есен да започне, исто така,  на студии по стоматологија.
Разен Абу Салха била студент на Државниот универзитет во Северна Каролина.
Полицијата, за сега, не го открила мотивот за нападот. Убиецот по извршеното злосторство заминал во полициската станица, кад мирно се предал.Напаѓачот, идентификуван  како  Крег Стивен Хикс (46), обвинет е за првостепено убиство по три точки на обвинението и се наоѓа во затвор

Пронајдете не на следниве мрежи: