Белградската полиција уапсила еден осомничен за убиството на професот по физичко Сречко Чирич убиен на 23-ти април.
За убиството уапсен е 17-годишниот Р.Ч., ученик кој од професорот купувал, а потоа за него препродавал дрога.
Според неофицијалните информации на Блиц, Чирич од претходно и бил познат на полицијата како член на нарко банда. Претходната година професорот бил уапсен, но никогаш не се докажало дека се занимава со препродажба на дрога, поради што и не би можел да работи во училиште.
Убиениот професор предавал физичко во основно училиште, а бил и тренер по карате.
Жителите од местото каде тој живеел велат дека бил омилен меѓу децата, а познат бил и како активист на бројни училишни проекти, меѓу кои и „Училишта без насилства и дрога“.
Извор: kurir.mkБелградската полиција уапсила еден осомничен за убиството на професот по физичко Сречко Чирич убиен на 23-ти април.