Ученик во САД се обиде да се самоубие пред соучениците

Ученик од едно училиште во американската сојузна држава Охајо, во понеделникот се обидел да си го одземе животот пред очите на своите ученици на час, но останал жив и е хоспитализиран, пренесува AFP повикувајќи се на училишната администрација.Според претставникот на гимназијата во предградие на Синсинати, Грег Танкерсли, ученикот се застрелал од пиштол за време на првиот час.„Во моментов тој се бори за живот“, рекол Танкерсли. Според него, ученикот немал намера да ги повреди соучениците.Засега нема информации што можело да биде причината за овој очајнички чин на момчето. Полицијата, исто така, истражува и како тоа дошло до пиштолот.Според американските медиуми, неколку ученици од католичкото машко училиште La Salle High School се јавиле во службата 911 околу 8 часот наутро по локално време и го пријавиле случајот. Момчето чие име не се наведува е пренесено во Универзитетскиот медицински центар во Синсинати.Локалната Римокатоличка архиепископија испратила дополнителни советници во гимназијата за да им помогната на учениците да го совладаат шокот. Се огласило и семејството на несреќниот средношколец кое им се заблагодарило на сите што се молат за нивниот син и што ја почитуваат нивната приватност.Американските медиуми наведуваат дека поради смртоносните напади од минатата година во една гимназија во Охајо кога беа убиени три ученика и масакрот во основното училиште во државата Конектикат кога беа убиени 20 деца на шест и седумгодишна возраст, зголемена е безбедноста во училиштата. Во државата Охајо се спроведуваат програми за превенција за напади со огнено оружје и тренинг курсеви од страна на државните власти и засилување на безбедносните процедури од полицијата.
МакфаксУченик од едно училиште во американската сојузна држава Охајо, во понеделникот се обидел да си го одземе животот

Пронајдете не на следниве мрежи: