Училиштето „Кочо Рацин“ го прослави Патрониот празник во Домот на АРМ

Под инспирација на овогодинашното мото на училиштето „Кочо Рацин“  – „Под едно небо сме, исти а сепак различни. Тие различности не спојуваат… така и нека остане!!!“  се прослави уште еден Патрон празник, ден кој не остави рамнодушен ниту еден присутен во салата на Домот на АРМ, ден кој ќе се запише во споменарот на Рациновото училиште. На овој ден, традиционално на едно место  се собираме со родителите, пензионираните колеги и сите оние коишто придонесуваат за доброто на училиштето, а друга страна пак,  ние, наставниците и децата кои секогаш сакаме да ви кажеме што сме сработиле, да ви ги покажеме нашите плодови и да ја споделиме нашата радост. Сите ние сведочиме за секојдневниот растеж на училиштето, кое, сигурно немаше да биде она што е, доколку сите ние заеднички не се вложивме и посветивме на тоа.
Традиционалните искуства и вредности во образованито, кои како наследство ни ги оставија нашите претходници, нашите пензионирани колеги, секојдневно ги надградуваме и осовременуваме, правејќи убав спој кој резултира со голем успех кај учениците, со безброј освоени награди и признанија, со  73 годишно постоење, изјави Директорот при ООУ „Кочо Рацин“ – Скопје, г-ѓа Ирена Попова.
Под инспирација на овогодинашното мото на училиштето „Кочо Рацин“  – „Под едно небо сме, исти а сепак различни. Тие различности не спојуваат… така и нека остане!!!“  се прослави уште еден Патрон празник, ден кој не остави рамнодушен ниту еден присутен во салата на Домот на АРМ, ден кој ќе се запише во споменарот на Рациновото училиште.
Овојпат, на еден малку поинаков начин ООУ „Кочо Рацин“ ги претстави своите активности во чест на својот Патрон празник. Начин, со кој го отсликува во целост и сосема веродостојно секој ден во нивното  училиште, кое е со еднакви можности за сите.
Инспирирани од ризницата на креативност на своите најмили, оние кои го осмислуваат нивното постоење, децата, и сакајќи тоа да го преточат во слика и тон, вработените и учениците од ООУ „Кочо Рацин“ се одлучија да ја почастат како јавноста така и минатите, сегашните и идните родителите со еден видео – запис, краткометражен презентивен филм за училиштето, да можат барем малку и на кратко да го доживеат нивното царство. Меѓудругото истиот тој филм испраќа пораки до сите, пораки за соживот, мир и љубов во корелација со проектот за Мултиетничко образование во Македонија.
Овој училишен филм немаше да ја добие таа димензија доколку не беше режирано од педагогот на училиштето, Радмила Страшевска и професионално подржано од Кумев Brothers Production.
Несомнено дека е прекрасно чувството кога ги гледаме нашите деца како ГОЛЕМИ личности, личности што знаат и умеат како да допрат толку блиску до срцето на возрасниот и во него да ги разбудат сите позитивни чувства. Со овој филм ние успеавме да го доловиме емотивниот момент кај сите, безразлика, и успеавме да испратиме голема порака, порака со значење, истакна педагогот, Радмила Страшевска.
Патрониот празник на училиштето, освен со својот впечатлив училишен филм, побуди емоции кај присутните во Домот на АРМ и преку богатата културно – уметничка програма, низ која шараа боите на детската насмевка, игра, кореографија, песна и смеа.
Како дел од програмата по повод Патрониот празник на училиштето „Кочо Рацин“ беше и свеченото отварање на „Катчето за дружба“ во просторот на училиштето. Со неколку дрвени палети, сунѓери, платно и голема детска енергија и креативност, учениците со помош на своите наставници, педагогот на училиштето, Радмила Страшевска и директорката Ирена Попова, оформија катче во кое ќе го минуваат своето слободно време, катче кое ќе ги сплоти детските насмевки и ќе ги чува детските тајни. Овој проект беше несебично помогнат од Европски Универзитет – Република Македонија (ЕУРМ) и Бауер БГ Македонија.
Постигнувањето и одржувањето на меѓуетничка интеграција во образованието е еден комплексен и долгорочен процес. Најважно е подобрувањето на меѓуетничката комуникација и надминување на етничките, културолошките и јазичните препреки
Во нашето училиште имаме деца со различна етничка припадност, но наставата се одвива на македонски јазик. Сето тоа не нè спречува да создаваме  позитивна училишна клима низ сите генерации  и   да ги учиме да не бидат поделени и да бидат без предрасуди за нивната различност, по верска и етничка основа.
Децата се наша сегашност и иднина.Секое дете е важно и наша цел е да го воспитуваме во духот на соживот и меѓусебна толеранција и почитување, изјави наставникот Билјана Денкова, координатор на проектот за Меѓуетнипчка интеграција во образованието во училиштето „Кочо Рацин“ – Скопје.
Енергијата, посветеноста и креативноста на училиштето „Кочо Рацин“ нема да згасне и ќе продолжи сè повеќе и повеќе да се зголемува во иднина. Учениците тоа го заслужуваат!На овој ден, традиционално на едно место  се собираме со родителите, пензионираните колеги и сите оние коишто придонесуваат за добро

Пронајдете не на следниве мрежи: