Улицата „Сарај“ целосно затворена за сообраќај

Loading...

Градот Скопје ги известува граѓаните, дека почнувајќи од среда (02.11.2016 година) целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од улица „Сарај“, на потегот од Храмот „Св.Злата Мегленска“ до крстосницата со патот за село Љубин.Возилата од Јавниот градски превоз, кои ги опслужуваат линиите 2 и 2А, ќе сообраќаат до Сарај (стара последна 2), во двете насоки.
Останатите возила од линиите 12, 32, 56, 56а, 60 и 160, а кои се движат од  Цeнтар кон Сарај, од Исток кон Запад од улица „Ѓорче Петров,“ продолжуваат по  Oбиколница  – автопат до подвозникот за Езеро Треска  и продолжуваат по својата траса. 
Во обратна насока, од Сарај кон Центар, или во правец запад и исток моторниот сообраќај и автобусите ќе бидат пренасочени преку Обиколница – автопат и продолжуваат по својата траса.
Сообраќајот на улицата Сарај ќе се затвори поради изведување на градежни активности.
Се молат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја прилагодат на условите на патот.Возилата од Јавниот градски превоз, кои ги опслужуваат линиите 2 и 2А, ќе сообраќаат до Сарај (стара последна 2), во двете насоки.
Останати

loading...