Скопје, 11 април 2016: Со донација на возила и опрема за управување со отпад на Општина Гевгелија, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денес го одбележа почетокот на нов проект, вреден 2,225 милиони американски долари, кој има за цел да одговори на приоритетните развојни потреби на двете општини кои беа најмногу засегнати од напливот на бегалци и мигранти во 2015 и почетокот на 2016 година.Овој проект е финансиран од Владата на Јапонија.
Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, донираше нов трактор со приколка и валјак во вредност од 40,000 американски долари на јавното комунално претпријатие во Гевгелија. Опремата главно ќе се користи во руралните средини каде што нема пристапни патишта со цел да одговори на зголемената потреба од отстранување на отпад – последица од бегалската криза – и да помогне во поправката на локалните патишта кои беа оштетени како резултат на зголемениот број на мигранти.
Опрема вредна 36,000 американски долари претходно веќе беше доделена на 31 март 2016 на јавното комунално претпријатие во Куманово во присуство на јапонскиот амбасадор Макото Такетоши. Оваа опрема вклучува 100 контејнери за отпад од 1.1-кубни метри и 10 контејнери за отпад од 5-кубни метри.
Во 2015, УНДП донираше два мали камиони во вредност од 20,000 американски долари на двете општини за да помогне во справувањето со зголемените количини на отпад.
„Двете главни згрижувачки општини покажаа голема великодушност и флексибилност во приемот на голем прилив на луѓе и во обезбедувањето на јавни комунални услуги во двата прифатни центри“, изјави Луиза Винтон. „Ова е наш начин да им вратиме нешто на заедниците бидејќи тие веќе дале многу. Ова е само почеток. Благодарение на Владата на Јапонија, сега ќе бидеме во можност да решиме некои долгорочни развојни предизвици што бегалската криза ги изнесе на виделина. Овие инвестиции ќе ги подобрат условите за живот на повеќе од 200.000 локални жители.“
Проектот ќе се фокусира на приоритетните потреби за управување со отпад и водоснабдување – јавни услуги кои беа ставени под голем притисок поради транзитот на голем број на луѓе.
Веќе се направени експертски проценки, врз основа на кои УНДП сега ќе може да ги искористи средствата од Влада на Јапонија за подобрување на управувањето со отпадот и водоснабдувањето во во Гевгелија. Во Куманово, УНДП ќе се фокусира на најзасегнатиот дел – Табановце, каде што ќе се поправат локални патишта и ќе се инвестира во реконструкција на основното училиште. Исто така, на Куманово ќе му се помогне во воведување на модерни решенија за управување со отпад.Овој проект е финансиран од Владата на Јапонија.
Постојаниот претставник на УНДП, Луиза Винтон, донираше нов трактор со прик