Ураганот „Нејт“ носи сѐ пред себе – стигна до Лузијана, а ќе удри и во Мисисипи

Ураганот „Нејт“ до сега усмрти најмалку 25 лица во Никарагва, Коста Рика и Хондурас и предизвика опасно свлечиште на устието на реката Мисисипи во Луизијана, соопшти Американскиот центар за урагани.„Нејт“ вчера од тропска бура зајакна во ураган од прва категорија, а во Централна Америка во текот на ноќта донесе ветришта кои се движеа со брзина од 137 км/ч
Според проценките на стручњаците за урагани, бурата во следните неколку дена ќе се задржи во Мисисипи, а потоа ќе се движи кон север на САД.
Вонредна состојба е прогласена во Лузијана и Мисисипи, а властите вчера наредија евакуација на одредени крајбрежни области.
„Нејт“ го подигна и нивото на морето поради што на жителите во многу крајбрежни градови им се закануваат поплави.
Како што пренесуваат американските медиуми, илјадници трупи од Националната гарда ангажирани се на следење на состојбата на терен во Њу Орлеанс и други делови со пониска надморска висина.
Американскиот претседател Доналд Трамп порано и дозволи на Луизијана да побара сојузна помош за време на подготовките за ураганот „Ирма“.
 
 
„Нејт“ вчера од тропска бура зајакна во ураган од прва категорија, а во Централна Америка во текот на ноќта донесе ветришта кои с

Пронајдете не на следниве мрежи: