Усаин Болт не се докажа како кошаркар Хјустон

Најбрзиот човек во моментов на планетата повеќекратниот олимписки победник и светски шампиона, и светски рекордер на 100 и 200 метри, Јамајчанецот Усаин Болт настапи на „Celebritiy All-Star“ натпреварот на NBA „All Star“ викендот во Хјустон, но не импресионираше со своето кошаркарско умеење и покрај солидна височина од 196 сантиметри. 
Усаин Болт во текот на 29 минути колку што мина на паркетот погоди само еден од петте шутеви од игра, а и тоа беше „забивање“ откако наместо двочекор направи пет чекори, меѓутоа судиите не сакаа да му ја ускратат радоста, а притоа промаши и две слободни фрлања.
Од друга страна, играчот на противничката екипа кого Болт го чуваше во одбраната, американскиот државен секретар за образование, 48-годишниот Арне Данкан постигна 11 кошеви, имаше пет асистенции и седум скокови.
„Ме изненади цврстината со којашто играа нашите противници Јас дојдов да се забавувам, а тие играа сериозно. Така, во четвртата четвртина водеа со 20 поени разлика и играа пресинг преку целиот терен, како да не станува збор за ревијален меч“, изјави Болт по натпреварот во кој неговиот Исток загуби од Западот со 38:58.
МакфаксНајбрзиот човек во моментов на планетата повеќекратниот олимписки победник и светски шампиона, и светски рекордер на 1

Пронајдете не на следниве мрежи: