Успешноста од проектот „Македонија вработува“ и очекувањата од проектот „Македонија вработува 2“

Владата на Република Македонија со цел понатамошно намалување на невработеноста, по успешниот проект „Македонија вработува“ започна со имплементација на проектот „Македонија вработува 2“. Дека станува збор за добар проект зборува и фактот што проектoт „Македонија вработува“ го искористиле 10.140 фирми кои вработиле 18.893 лица.Имајќи ги во предвид позитивните импулси од имплементацијата на овој проект, а со цел да се опфатат сите категории на граѓани Владата на Република Македонија почнувајќи од 28.06.2016 година започна со примена на проектот „Македонија вработува 2“.
Со проектот „Македонија вработува 2“ се очекува продолжување на  намалувањето на невработеноста при што со овој проект се опфатени 5 (пет) категории на граѓани и тоа:
-невработени лица до 35 години за кои фирмата ќе биде ослободена од плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување за секое нововработено лице.
во рок од 3 години од денот на вработувањето.
-невработени лица од 35 до 50 години за кои фирмата ќе биде ослободена од плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување за секое нововработено лице во рок од 5 години од денот на вработувањето.
-невработени лица од 50 до 58 години за кои фирмата ќе биде ослободена од плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување за секое нововработено лице во рок од 5 години од денот на вработувањето.
-невработени лица над 58 години за кои фирмата ќе биде ослободена од плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување за секое нововработено лице во рок од 6 години од денот на вработувањето, односно до нивното пензионирање. Оваа категорија на граѓани ќе можат и да си го дополнат стажот за пензионирање кој евентуално им недостига, односно немаат работен стаж од 15 години кој согласно позитивните законски прописи е еден од условите кој по наполнување на 62 години за жени, односно 64 години за мажи е потребен за остварување на правото на пензија.
-невработени лица од социјално ранливи категории за кои фирмата ќе биде ослободена од плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување за секое нововработено лице во рок од 5 години од денот на вработувањето.
Проектот „Македонија вработува 2“ се очекува да го искористат фирмите за вработување на дополнителни од 18 до 20 илјади невработени лица од што фирмите ќе имаат повеќекратни придобивки.
Имено фирмите покрај финансиската помош која ќе ја добиваат од државата, односно ослободувањето од плаќање на придонеси за здравствено и пензиско осигурување за нововработените, со нововработените ќе ја зголемат и продуктивноста во своето работење, а со тоа ќе бидат конкурентни на домашниот и странските пазари што ќе придонесе за зголемување на брутодомашниот производ. 
Комисијата за економија и финансии при ОК ВМРО ДПМНЕ Битола го поздравува продолжението на веќе успешниот проект на Владата, кој понатаму ќе резултира со намалување на невработеноста во Македонија.Имајќи ги во предвид позитивните импулси од имплементацијата на овој проект, а со цел да се опфатат сите категории на граѓани Владата на

Пронајдете не на следниве мрежи: