Успорените снимки ќе ве натераат да размислите уште еднаш дали сакате да се тетовирате!

Додека едни се тетовираат за да бидат во тренд, други  ги користат тетоважите како начин да го искажат својот став за нешто, додека трети ги сметаат за уметност. Но, многумина не знаат како  настануваат тетоважите.Со помош на успорените снимки во онлајн емисијата „Smarter every day“, прикажано е како настанува тетоважата и објаснето е зошто таа не се мие од кожата.
Струјата со помош на електромагнетизам ја стартува пумпата во машинката за тетовирање која потоа истискува боја, а бојата под кожата влегува низ иглата. Иглите пак продираат под надворешниот слој кожа и поради тоа тетоважите болат. Но затоа и остануваат трајно под кожата.
Бидејќи се работи за многу тенки игли кои многу брзо минуваат низ кожата и не одат длабоко, кожата не крвари како кога би се изгребале, исекле или случајно би се избоделе со нешто.
Освен тоа, постојат два вида на игли, оние за цртање линии и оние за цртање сенки.
Погледнете како изгледа тоа во следното видео:Со помош на успорените снимки во онлајн емисијата „Smarter every day“, прикажано е како настанува тетоважата и објаснето е зошто таа не

Пронајдете не на следниве мрежи: