Уставниот суд ја одложи расправата за оценување на законитоста на крстoт во Бутел

Уставниот суд денеска ја одложи расправата по иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на одлуката за поставување на 55-метарскиот крст во општина Бутел.Одлуката за давање согласност за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Бутел е донесена во февруари годинава од Советот на општината.
Поставувањето на крстот беше прекинат со протести и реакции на политичките партии на Албанците.
Проектот за поставување на крстот е на Светскиот македонски конгрес.
Судот на денешната седница ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Правилата за снабдување со топлинска енергија, донесени од Регулаторната Комисија за енергетика на Република Македонија на 30 јули 2012 година. Отфрлањето, како што појаснуваат од Судот, е поради тоа што веќе е одлучувано по оваа иницијатива и затоа нема основи за поинакво одлучување. Иницијативата  е поднесена од Народно движење за Македонија и граѓани од Скопје.
Судиите не поведоа постапка по иницијативата поднесена на Законот за заштита на населението од заразни болести и Правилникот за поблиските услови по однос на просторот, опремата и кадарот, начинот и средствата за вршење дезинфекција, дезинсекција и дератизација.Одлуката за давање согласност за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Бутел е донесена во февруари годинава од Советот на општината.

Пронајдете не на следниве мрежи: