Уште една потврда за транспарентноста на Општина Битола

Висок степен на активна и проактивна транспарентност изразена преку навремено објавување на информации за одлуките на локалната самоуправа, што е во прилог на остварување на правото на граѓаните да бидат информирани за своите права и обврски во општеството, постојано и навремено објавување на информации кои им се потребни на граѓаните за да бараат одговорност од локалната самоуправа, како и да можат да учествуваат во процесот на донесувањето на одлуките и полесно да пристапуваат кон услугите кои ги нуди општината и другите јавни институции во Битола.Ова се само дел од критериумите кои општина Битола ги исполнува на високо ниво, преку достапност на информациите од сите области на својата веб страница bitola.gov.mk, а со тоа се издигнува на високото второ место во конкуренција на сите други државни институции во Република Македонија. Ваквиот податок произлегува од истражувањето спроведено од страна на Центарот за граѓански комуникации кој во изминатиот период изврши сеопфатно истражување на степенот на активна транспарентност на државните институции во Македонија.
Општина Битола, како една од најтранспарентните институции во државата, исполнувајќи ги критериумите за транспарентност, истовремено работи во согласност со законските одредби на сите важечки закони во државата кои се однесуваат на работата на локалната самоуправа. На тој начин, активната транспарентност на општината ја зголемува нејзината одговорност во трошењето на јавните пари, ги промовира принципите на добро владеење и интегритет, а истовремено општината е поефикасна бидејќи добро управува со информациите со коишто располага.
83,6% е индексот на активната транспарентност на општина Битола, кој општината ја класифицира во првата група каде има четири институции со многу добра транспарентност, а претставува потврда за успешното, транспарентно и одговорно работење на локалната самоуправа. Податоците произлегуваат од извештајот за индексот на транспарентност за 2016 на Центарот за граѓански комуникации, кој е резултат, меѓудругото и на истражување спроведено врз основа на претходно изработени структурирани прашалници за состојбата на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите на интернет страниците на институциите.
bitola.gov.mk е веб страница која на мошне достапен начин до граѓаните ги доставува сите информации за финансирање и буџет, јавни набавки, имот и имотно правни работи, урбанизам, образование, култура, спорт и сите други области за кои е надлежната локалната самоуправа.
На овој начин, секој граѓанин и секоја институција во секое време може да се информира, или да провери како работат администрацијата, градоначалникот или Советот на општина Битола. Тоа овозможува директен увид во трошењето на јавните пари и спроведувањето на сите постапки, што претставува дополнителна потврда за почитувањето на принципите на чесност, отчетност и транспарентност во работата на општина Битола.Ова се само дел од критериумите кои општина Битола ги исполнува на високо ниво, преку достапност на информациите од сите области на својата веб стр

Пронајдете не на следниве мрежи: