Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) на Босна и Херцеговина во вторникот навечер уапсиле уште едно лице кои се поврзува со коруптивните активност кои заедно со другите уапсени го спроведувал претседателот на Федерацијата БиХ, Живко Будимир, соопшти во средата SIPA додека медиумите наведуваат дека станува збор за еден од криминалците коишто ги помилувал претседателот за што добил пари.Во соопштението на SIPA се наведува дека во рамките на акцијата водена под кодно име „Патриот“ , по налог од Судот на Босна и Херцеговина и Државното обвинителство, во вечерните часови е приведено уште едно лице коешто ќе биде испитано, по што ќе биде одлучено за евентуално одредување на притвор.Во соопштението на SIPA се додава дека нејзините припадници во текот на вторникот привремено одзеле деловна документација од сметководствената служба на Федерацијата БиХ, којашто ќе биде проследена до Државното обвинителство на БиХ.Федералната телевизија (FTV) објaви дека SIPA го уапсила криминалецот Ади Кариќ кој платил за помилувањето. Според телевизијата, криминалците, според Државниот обвинител, му уплатувале пари за помилување на Петар Баришиќ помошник и на Суад Кулосман и Иван Јурќевиќ, исто така, соработници на претседателот Будимир.Во судското решени коешто го потпишал судијата на Судот на БиХ, Бранко Периќ е наведено дека осомничениот Иван Јурчевиќ потврдил дека на 29-ти март 2013 година разговарал со Суад Кулосман и дека тој му рекол „дека Ади е завршен“.Се појаснува дека во тој случај одредени лица стапиле во контакт со Петар Баришиќ и е уплатен износот од 5.800 конвертабилни марки, а тој ден претседателот Будимир ги земал парите и ја потпишал одлуката за неговото помилување.Во чантата на осомничениот Будимир при претресот е пронајдена токму наведената сума, појаснува телевизијата FTV повикувајќи се на наводите на Судот и Државното обвинителство на БиХ.
МакфаксПрипадниците на Државната агенција за истраги и заштита (SIPA) на Босна и Херцеговина во вторникот навечер уапси