УЖАС ВО КУМАНОВО: Намерно удрил со мерцедес во семејство со 4-годишно дете!

Семејство со четири годишно дете вчера е удрено од автомобил по вербална расправија која се случила на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово.Т.Д. (23) го пријавила случајот во полиција велејќи дека физички ги нападнале три лица и им го оштетиле возилото, но полицискиот увид покажал нешто друго.
-Извршен бил увид на местото на настанот, при што е констатирано дека вчера околу 22:30 часот по претходна расправија со С.А.(36) во Куманово, Б.И. управувајќи „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат, Б. И. и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил лицата С. А., неговата сопруга М.К.(36) и нивниот 4 годишен син, информираат денес од полицијата.
Од страна на итна медицинска помош С.А. е пренесен во кумановската болница додека М. К. и детето како итен случај  со возило на брза помош се пренесени на Детска хиругија при Државна болница Скопје.
Трите лица дошле во СВР-Куманово каде по извршениот разговор, двајцата браќа се задржани, а Т.Д. е ослободена.
СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.Т.Д. (23) го пријавила случајот во полиција велејќи дека физички ги нападнале три лица и им го оштетиле возилото, но полицискиот увид покажал нешто

Пронајдете не на следниве мрежи: