Вардарци го посетија средното училиште „Васил Антевски-Дрен“

Фудбалерите на Вардар денеска беа во посета на учениците од средното економско-правно училиште „Васил Антевски – Дрен“, кое се наоѓа во скопска Кисела Вода.Момците и девојките кои учат во оваа училиште имаа прилика да се запознаат и другаруваат со нашите „ѕвезди“ од првиот тим Грнчаров, Пачовски, Кобетиќ, Глишиќ, Фелипе, Ивановски и Дашјан.
За време на посетата, вардаровите првотимци одиграа и пријателски меч на мали голови против училишната екипа на „Васил Антевски – Дрен“, составена од учениците кои играат во кадетската екипа на Вардар.

Потоа следуваше заедничка забава исполнета со многу фотографии за спомен, а нашите играчи ги поканија учениците да присуствуваат на неделниот натпревар против Шкендија и притоа им поделија спортски реквизити потпишани со нивните автограми.
Наредниве два дена, останатите фудбалери од првиот тим Вардар ќе посетат и две основни училишта во градот Скопје. Утре со почеток од 10:40 часот, наши домаќини ќе бидат дечињата од ОУ „Кирил Пејчиновиќ“, а в четврток „црвено-црниот“ карван ќе гостува и во ОУ „Невена Георгиева-Дуња“.
Извор: fkvardar.mkМомците и девојките кои учат во оваа училиште имаа прилика да се запознаат и другаруваат со нашите „ѕвезди“ од првиот тим Грнчаров, Пач

Пронајдете не на следниве мрежи: