Васил Чакаларов- втор дел

„Го нема Чакаларов! Нема Македонија! Го уништивме Чакаларов и заедно со него сите Чакаларовци!„Чакаларов во виорот на балканските војни, и неговата смрт.
По Илинденското востание Васил Чакаларов сакал повторно да се активира за ослободувањето на Македонија, заедно со Борис Сарафов, сакале да го наметнат својот авторитет во веќе распарчената ВМОРО од внатрешните меѓусебни поделби и обвинувања, но тоа останало без успех. Настапил мирен и спокоен период во неговиот живот. Заминал во Софија и сакал да се посвети на сопствениот, приватен живот и да оствари некои идеи и планови кои биле прекинати од активноста во ВМРО. Чакаларов во овој период, поточно во 1906 година сакал да го продолжи своето образование и да заврши гимназија, а потоа планирал да се запише на факултет, исто така започнал со изучување и усовршување на францускиот јазик. Во истиот период се зафатил со трговија и изградил семејна куќа. Но бурните времиња кои престоеле не го оставиле рамнодушен овој македонски револуционер кој се што создал ќе го остави и повторно ќе се вклучи во ослободителното дело. Следеле младотурската револуција и балканските војни во кои Чакаларов ќе учествува најактивно.

Во 1908 година учествувал на Ќустендилскиот конгрес на ВМОРО каде ги застапувал идеите на конзервативната струја во Организацијата. Одржал неколку жестоки говори, во кои целел дека без жртви нема слобода, а паролата „Слобода или смрт“ сеуште ја чувал на највисоко ниво. Во неговите излагања на конгресот го изнел следново:
„Атентаторски акции на прво место“
„четнички на второ“
„организирање на весници на трето место“
„Атентати, затоа што само со тоа ќе ја заинтересираме Европа. Првенствено против европските интереси, само против власта, пак не би ја заинтересирале, со предвидување на резултатите“. Барал да се продолжи дејноста која ја започнаа Гемиџиите со уништување на европскиот капитал, бидејќи Европа не би се заинтересирала доколку се наштети на турскиот капитал и држава.
„Жртвите нема зошто да не плашат. Исто така е невистинито тврдењето дека тоа би било последниот куршум, така се мислеше и пред востанието, но тоа помина и пак постоиме. Сосема без жртви ништо не може да се добие. Рековме „Слобода или смрт„. Четничката дејност е неопходна, особено таму каде што напаѓаат пропагандите…Немало да биде хумано, ами има ли некој да е хуман кон нас? Секој ги заштитува своите интереси, но и ние треба да ги чуваме своите интереси…“

Пред почетокот на балканските војни, исто како и поголемиот дел Македонци, верувајќи во приказните и пропагандата на соседните држави за ослободување на Македонија, и Васил Чакаларов се приклучил кон борбата. Соседните држави со паролата „да ги ослободиме нашите христијански браќа“ успеале кај Македонците да стекнат доверба во нивните намери. Во овој период сите мислеле дека е дојден часот за конечно ослободување на Македонија. Четата на Чакаларов која тргнала од Софија кон Костурско во септември 1912 година, била составена од голобради момчиња без никакво воено искуство ниту пак обученост, понесени од желбата за ослободување на нивната татковина се приклучиле кон војводата. Четата навлегла во Македонија, при својот поход пред стигнувањето до реката Вардар ја разбрале веста дека сојузниците и официално и објавиле војна на Турција. Веста била пречекана со воодушевување и радост, неуморниот и строг Чакаларов веднаш издал наредба за забрзан марш кон Костурско.
Желбата за ослободување на родните огништа била преголема, ни болката ниту пак смрта не можела да ги поколеба овие момчиња да го остварат тоа што го наумиле, да ја ослободат својата Македонија. На 17 октомври 1912 година пристигнале во селото Горничево, Леринско од каде испратиле телеграма до грчката воена команда и барале заедничко дејствување против турската војска во Леринско. Пораката грчките генерали ја примиле со огромна радост и олеснување, знаејќи дека токму грчката војска беше најслаба во балканските војни, а Чакаларов со својот авторитет ќе им биде од огромна помош. На 19 октомври, четниците предводени од Чакаларов, Попов и Силјанов се судриле со турската војска над село Горничево која во паника бегала пред налетот на четите. По судирот македонските чети и грчката војска за прв пат се пресретнале. При соединувањето радоста од страна на Грците била неизмерна, а кон Чакаларов и неговите војници гледале со стравопочит. Старите непријатели кои крвнички се бореа сега се сојузници. Според сеќавањата на Христо Силјанов соединувањето било вакво:
„Со стекнатата репутација на крвник, на гркомрзец и на комитаџија во самата Грција, Чакаларов со љубопитство го гледаа сите. Грчките офицери, кога се запознаваше со нив, реагираа изненадено, а еден коректен полковник, не можеше да не го спомене минатото:
-Ве сметавме за голем непријател…Времињата како што гледате, имаат среќен пресврт, па денес со вас се сретнуваме како сојузници“

Во гратчето Невеска Чакаларов повторно бил пречекан како ослободител, во селото Загоричани македонските четници биле пречекани од андартските војски со невидена почит. Андартскиот војвода само што ја здогледал македонската чета истрчал и почнал да го гушка Чакаларов, против кого се борел пред една деценија. Позади љубовта изразувана во јавност помеѓу Македонците и грчките андартски чети всушност се криела невидена омраза, ова го знаел и Чакаларов. Започнала борба за престиж и борба за кој прв ќе влезе во одреден град, село и област, искусниот македонски војвода во поголемиот дел секогаш бил пред Грците бидејќи ја знаел важноста од ова надтрчување. Речиси во цела Македонија сите области беа ослободувани од македонски чети, а соседните војски влегуваа отпосле и спроведуваа контрола. За ослободувањето на Костур најголеми заслуги му се препишуваат токму на Чакаларов и неговите македонски четници.
На патот од Битола кон Лерин, турските војски влегувајќи во клисура биле нападнати од четата на Чакаларов, при што биле целосно разбиени, многу турски војници биле убиени, а 500 души биле заробени и пратени во Лерин. На Чакаларов му станало јасно дека на Македонија и се спрема најцрното можно сценарио, тој бил свесен дека ќе нема никаква самостојност, државност и слобода, тој знаел дека довчерашниот турски поробувач сега ќе го заменат три нови. Кога присуствувал во Солун уште повеќе се уверил во ова, се упатил во Софија да бара подршка од бугарските власти за ослободувањето на Македонија, но увидел дека и таму е иста ситуацијата како со Грците, разочарувањето било огромно.

Во втората балканска војна, меѓусојузничката војна, најголем дел од четите на ВМОРО се приклучиле кон бугарската војска од едноставна причина, како прво Бугарија за разлика од Грција мудро молчела и не ги искажувала јавно своите амбиции за време на првата балканска војна, друг фактор но можеби и најважен е тоа што во Бугарија се наоѓала најголемата македонска емиграција и челниците верувале дека со нивна помош ќе успеат да ја придобијат Бугарија за нивни сојузник во борбата против поделбата на Македонија. По најавата за втората балканска војна, Васил Чакаларов повторно полн со желби, очекувања и амбиција за конечно ослободување на Македонија, се вклучил во истата.
Македонија веќе била поделена, во Егејска Македонија областите кои ги ослободиле четите на ВМОРО веќе биле окупирани од грчките војски, иста била ситуацијата и во другите делови со српските и бугарските војски. Бугарија загарабила најголем дел од Македонија, па затоа сега Србија, Грција, Црна Гора, Романија и Турција и објавиле војна на Бугарија, тоа е всушност втората балканска војна. Во сета оваа заплетканост Македонците се нашле во средина. Ако за соседите ова беше меѓусојузничка војна, за Македонците беше братоубиствена војна. Бидејќи имало примери каде едниот брат е во грчка војска, другиот во бугарска, а третиот во српска, и сега се сретнувале на фронт гледајќи се преку нишан и борејќи се со сопствените браќа. Македонците биле топовско месо.

На пат кон Костурско Васил Чакаларов ја променил маршутата и се упатил кон Тиквешијата, пристигнувајќи им дал голема подршка на востаниците од Тиквешкото востание. На 17 јуни 1913 година четите предводени од Чакаларов се дуриле со грчкосрпските војски при што борбата била тешка и макотрпна. Се повеќе паѓал моралот кај Македонците и надежта дека Македонија ќе добие автономоија и ќе биде избегната поделбата. Во екот на борбите од втората балканска војна станало се поизвесно дека Бугарија ја губи војната и дека нема да стигне никаква помош од Бугарските власти, а се разоткриле и нивните планови. Но и покрај тоа што бугарските војски се повлекле, а поразот веќе бил признаен, македонскиот војвода Васил Чакаларов издал наредба четите на ВМОРО да продолжат со независна борба против сите војски. Така и било, бугарската војска се борела за едно, а Македонските чети за сосема друго, па така поразот на Бугарите не значел прекин на активностите на македонските чети. Всушност четите на ВМОРО во моментот претставувале независна македонска војска кој се борела против сите три држави. Следеле неколку судири со грчките војски во кои Чакаларов бил тешко ранет, но сепак го продолжил својот марш.
Се одвоил со дваесетина четници за побрзо движење на теренот, Чакаларов бил предаден од двајца овчари при што следела престрелка со грчките војски во која биле изгубени двајца четници. На 9 јуни 1913 година кај месноста Лакато започнала жестока пресметка помеѓу Чакаларов и неговите соборци со грчката војска и жандармерија која била мобилизирана дури од 4 гарнизони само со една цел, фаќање на страшниот гркоубиец Васил Чакаларов. Во престрелката Васил Чакаларов бил смртно застрелан. Грчките војници со радост и неверување, дека го убиле човекот кој го бараат 15 години, се стрчале кон телото на војводата.
По убиството на Васил Чакаларов, грчките војници му ја отсекле главата, ја сликале со фотоапарат и ја разнесувале по улиците на градот Лерин со цел да го исплашат македонскиот народ. Сведоци на свирепиот чин биле неколку заробени четници од неговата чета, меѓу кои Илија Димушев и Васил Иванов. Група на грчки андарти и локални гркомани од Лерин во придружба на зурли и тапани ја носеле главата на Чакаларов кон затворот. Заробените четници, соборци на Чакаларов оделе заедно со колоната која ја предводел еден грчки офицер на бел коњ, командант на градот, додека, пресечената глава на македонскиот војвода била набиена на кол и била носена низ леринските улици, со извиците: „Го нема Чакаларов! Нема Македонија! Го уништивме Чакаларов и заедно со него сите Чакаларовци!„

Се оствариле најголемите кошмари на македонските револуционери, Македонија била поделена помеѓу трите соседни држави, конечно искочила на виделина вистинската опасност за Македонците која не доаѓала од Цариград, туку од Атина, Софија и Белград. Со ова Македонија, Османлискиот поробувач го заменила со нови три поробувачи, што подоцна ќе се покаже како неостварлива мисија за следните генерации револуционери, бидејќи Илинденците делуваа на една компактна територија под власт на една држава, а нивните наследници ќе делуваат на истата територија под власт на три држави.
Васил Чакаларов е синоним за македонската борба за слобода и независност и за македонскиот непокор. Овој македонски великан својата борба не ја водеше само со турските власти, туку и со најголемиот непријател на Македонија, трите соседни држави Грција, Бугарија и Србија, кои под превезот на братски народи не дозволија Македонија да се ослободи и осамостои, а тоа Васил Чакаларов многу добро го знаел.
СЛАВА МУ
Никола Србов
Потпретседател на Комисија за Култура ЦК ВМРО ДПМНЕ
Извор: glas.mk
 Чакаларов во виорот на балканските војни, и неговата смрт.
По Илинденското востание Васил Чакаларов сакал повторно да се активира за ослобо

Пронајдете не на следниве мрежи: