ВАЖНО: Денес е петок 13-ти, но овој се разликува од сите други до сега, еве и зошто!

Иако петок 13. не им е омилен ниту на оние кои не се суеверни, на овој ден сите ги избегнуваат скалите и црните мачки, за секој случај три пати ќе чукнат во дрво доколку помислат нешто лошо, а многумина на овој ден очекуваат и  крај на светот! Денешниот петок 13 не само што не е баскузен, туку може и да ви донесе среќа- еве како!Петок 13. е ден кој се поврзува со  несреќа и малерозност: постојат низа вистинити случувања, како и митови кои говорат во прилог  ваквата негова репутација, но овој пат работите стојат сосема поинаку: 13. Ноември секаде во светот се празнува како Ден на љубезноста!
Кога први во месецот ќе падне во недела- петок 13 е неизбежен, ова може да се случи најмалку еднаш, а најмногу три пат и годишно.
Во петок е рспнат Исус, Ева наводно и покрај забраната, изела јаболко, а Каин го убил Авел. Бројот 13 не треба посебно да го објаснуваме: тој асоцира на Јуда, кој како тринаесети ученик го издал Христа, додека Старите Римјани верувале дека вештерките се собираат во групи од 12, додека 13. е лично ѓаволот.
Комбинацијата од овој ден во неделата и овој број се случила и кога Исус бил распнат, а во модерната историска верзија , кога се случил најголемиот пад на берзите, а деловниот неуспех ги натерал брокерите на самоубиства односно скокање преку прозорец на Вол Стрит, токму на петок 13-ти. 

 

Овие податоци влијаеле многу на околу 20 милиони луѓе во САД чиј страв од петок 13 се претвори во фобија, како што стручно се нарекува параскевидекатриафобија. Сепак доколку некогаш треба да се плашиме дека на петок 13 ќе се случи нешто страшно, тоа би требало да биде денес.
Имено, на иницијатива на Светското движење за љубезност, 13-ти ноември 1998 година во Токио утврден е светскиот ден на љубезност, кога е донесена посебна декларација, која открива за толеранција и прифаќање на различностите.
Овој ден редовно се обележува во Канада, Јапонија, Австрија, Нигерија и Саудиска Арабија, а последните неколку години голема популарност има и во Индија, Италија и Велика Британија.
13-ти ноември го слави и современата психологија, која според љубезноста и алтруизмот го зголемуваат нашето чувство на среќа, помагање на другите не само што ќе ве усреќи туку и ќе го намали ризикот од инфаркт или да заболите од депресија и хронични болести.
 Фактот дека само од вас зависи што ќе ви се случува на овој ден, треба да го имате на ум исто така треба да знаете дека во Италија 13-ката носи среќа, а жителите се плашат доколку петок е 17-ти…
Петок 13-ти не е лош ден ни во земјите со шпанско говорно подрачје. Луѓето во овие земји стравуваат од четврток 13-ти, а во Грција таков ден е вторник 13-ти.
Освен ако во овие денови не лежите цел ден во кревет и се молите да не ви падне нешто на глава, имаме подобар предлог за вас: Искористете го убавото време кое го имаме и потрудете се на себе но и на другите да им го разубавите денот.
Дали вие верувате во петок 13-ти?Петок 13. е ден кој се поврзува со  несреќа и малерозност: постојат низа вистинити случувања, како и митови кои говорат во прилог  вакват

Пронајдете не на следниве мрежи: