Ова е план за уништување на човештвото!Вие не знаете ништо за тоа, бидејќи доколку знаете планот нема да може да се реализира. Вас ви рекле дека половата еднаквост е нешто модерно, либерално и убаво. Вие тоа сте го прифатиле без размислување не знаејќи дека го прифаќате сопственото уништување. Уништувањето на мажите и жените. Под планот на родовата идеологија доаѓа и здравственото образование заедно со насилната хомосексуална пропаганда и нормално, секаде присутниот феминизам.
Барбара Розенкранц е австриска политичарка застапничка на Европскиот парламент. Таа е прва политичарка во светот која се осуди јавно да ги разоткрие плановите на глобалната светска елита, кои се однесуваат на самиот човек, односно на неговото уништување.
Интервјуто со неа излезе во 2010 година во „Junge Fereiheit“, но и денес и тоа како е актуелно и пророчко, ако имаме во предвид дека Европа моментално е во процесот на легализирање на полот Х (кој би требало да биде воведен и во пасош), и во Франција и Италија во формуларите да се запишува родител 1 односно 2, наместо татко или мајка и во јавните детски градинки масовно да се воведе едукативно – сексуална содржина под маската на здравствена едукација, а Советот за човекови права на градот Њујорк издаде упатства според кои работодавците може да казнат со до $ 250,000 ако на трансродовите луѓе им се обраќаат со нивниот природен пол.
Како што пренесува порталот LifeSiteNews, според новите насоки, кои се во прилог на градските закони против полова дискриминација, намерното некористење на името или полот кој трансродовите лица сакзат да го користат, ќе се смета за повреда на човековите права и ќе биде казнето со големи парични казни, што е застрашувачки. Над сите земји во исто време се врши притисок да се легализираат истополовите бракови. Прочитајте го интервјуто во кое Розенкранц ја шокираше јавноста презентирајќи ја вистината скриена во рамките на системот и дознајте што ви се крие, а клучот е опстанокот на човештвото.
Родната идеологија, полов мејнстрим, трансексуалноста е комплицирана и не буди некаков интерес, зар не?
Дозволете ми да го заострам проблемот. Намерно тоа го искомплицираа за да не ве заинтересира. Граѓанинот не би требало да разбере – за да не се спротивстави.
Родовата еднаквост е само уште една левичарска ѓаволштина која не ме интересира премногу.
Погрешно. Сојузната влада уште во 1999 год. го прогласи како водечки принцип на германската политика со задача за негова имплементација во сите ресори. Владата на Ангела Меркел ја презеде таа политика во 2005 и за нејзино остварување ја задолжи ни повеќе ни помалку туку ЦДУ министерката за семејства г-ѓа вон дер Лејен. Ништо подобро не е ниту во Австрија. Таму од 2000 година половата еднаквост е главна политичка максима. И Виена и Берлин работат синхронизирано по упатствата на ЕУ. Прво од страна на министерскиот советот на Европската унија е прогласен акционен план, а потоа во 1999 година, со договорот од Амстердам станува правно обврзувачки акт, во 2007 година, за неговата реализација стана надлежен Европскииот институт за рамноправност. Една од целите е да се прошири низ цела Европа.
Трансродовите се претставени како безопасни. Меѓу останатото тоа е само актуелен израз за рамноправност на половите?
Повторно погрешно. Тоа е токму тоа што тие сакаат да го мислите. Но, тоа е само „облека за јавност“ зад која трансродовите луѓе се кријат. Дека денес никој не е против рамноправност тоа е најдобар пат да се прикажат како безопасни. Во суштина, родовата идеологија нема ништо со рамноправноста на половите.
Туку?
Родовата еднаквост претпоставува постоење на машки и женски пол. Во трансродовите, напротив, мажите и жените треба да исчезнат.
Звучи лудо, колку тоа е навистина сериозно?
За таа работа одобрена е сума од 52 милиони евра од парите од даноците кои до 2013 година би требало да се прелеат во гореспоменатиот Институт. Толку од сериозноста! Со овие пари е создадена политичка реалност. Во овој момент цела Европа е под густа мрежа на родовата идеологија!
Но, како конкретно е претставено укинувањето на мажи и жени?
Идеолозите на родовата идеологија тврдат дека половите во реалноста не постојат, тие се вештачки создадени. Феминистичката Симон де Бовоар, уште одамна рече: „Маж и жена не се раѓа, тоа настанува.” Затоа, сексуалниот идентитет не е биолошки факт, туку резултат на општествена принуда, т.е. растењето. Мажите и жените се однесуваат поинаку само затоа што така се растени. Затоа, целта е прво постепено да се намали разликата меѓу половите, а потоа и целосно да се укине.
Списанието Цицерон родова идеологија ја нарече „нов изум на човештвото” и „еден вид на тоталитарен комунизам на ниво на еднаквост на половите, што велиш на тоа?
ФАЗ (Frankfurter allgemeine Zeitung) пишува за политичкиот пресврт во областа на родовите и во таа научна дисциплина води политичко движење. Дури и почитуваниот Шпигел изјави: „Родовата идеологија не сака да ја промени само позицијата на човекот, туку самиот човек.” Родовата идеологија сака ништо помалку, туку да се создаде нов човек, а тоа е основната карактеристика на секој тоталитаризам. Новиот човек треба да биде без одреден пол.
Што е тоа во реалноста?
Добро прашање. Трансекцуалците велат дека се едно е кој родов идентитет е тело, мажите можат да се припишат на женското тело и обратно. Но, тоа не е се! Не мора да се остане само на тие два пола (?) значи, во иднина можат да бидат и три, пет или педесет, а тоа значи реалноста за двата пола е само “принудена матрица”, која може да се прекине за да може да се востоличи мноштво то на сексуалниот идентитет. Значи, не се работи за родова туку за еднаквост на сите сексуални – форми на живот. Со цел да се постигне ова, прво треба да се разниша довербата во сопствениот сексуален идентитет. Со појавата на називот quer (името под кое се подразбира хомо БИ – интер – – транс или пансексуалност) заинтересираната социјалната сцена веќе зазеде борбена положба наспроти мажите и жените.
Дали е ова случај на заговор?
Не, моите тврдења немаат никаква врска со теоријата на заговор која често се користи како оружје во битката против критичарите на трансекцуалците. Но, факт е дека родовата идеологија се обидува да се наметне на „безгласен” начин, колку што е тоа можно, заобиколувајќи јавни дискусии и отворени дебати. (На пример, воведување на здравствено образование без јавна расправа). Но, тоа е случај и со други политички прашања. Она што паѓа во очи е тоа што тие страшно и безусловно веруваат во своите тези. Воопшто не се изложени на ризикот на сослушување на новите позиции и до сега немало ниту една научна и демократска дискусија. Своите критичари и противници се обидуваат на други начини да ги дискредитираат и засекогаш да ги замолчат. Земањето на правдата во свои раце, како и нетрпеливоста кон различностите е плодно жариште на секој тоталитаризам.
Повторно ќе го цитирам Цицерон: „Половата идеологија е безшумен налет на цунами”
Да, затоа што повеќе не постои ниту едно релевантно истражување за половите без разлика на нивната определеност . Сè мора да помине преку нивната златна каса. Тие одлучуваат кој ќе биде поканет на свадба, а кој останува надвор. Популарниот FAZ пишува – „Секој кој мисли дека е роден како машко и женско во повеќе средни училишта ќе биде жигосан како непросветлен. За владата во Германија, тоа веќе, како што рековме, стана основен принцип. Значи, тоа веќе не е прашање на само еден министерски ресор – сите сектори мора да ги спроведуваат прописите и правилата на родова идеологија!
Гвидо Вестервеле (германски министер за надворешни работи) го критикува социјализмот на големо, Ангела Меркел радо зборува за христијански човек!
Да, и сепак двајцата спроведуваат политика која е стратешка цел на тоталитарниот пресврт на сите родово еднакви врски и поништување на мажите и жените, т.е. Адам и Ева бидејќи за христијанскиот светоглед опстанокот на мажот и жената е примарен. А да не зборуваме за тоа колку оваа теорија отстапува од секој рационално – научен светоглед.
Значи, Вестервеле и Меркел нè мамат?
Не знам. Но, дека една теорија настанала на работ на левата идеологија има толку многу успех во центарот на граѓанството, е последица на 68. Тогаш граѓаните веќе „испуштиле“. Се уште не се успеало да се наметне било која друга политичка алтернатива. На тоа мора да се работи со сите сили! Чувствувам дека во десните па и некои други страни воопшто не се разбира законот за полова еднаквост и токму поради тоа бидејќи тие на граѓаните и политичарите им се претставени како успешни но всушност сосема невини модернисти.
Како на пример, да биде замената именката маж – жена со некоја неутрална именка?
Или земана на татко – мајка во родителскиот пар, студент – студентка во индекс итн. Или дека момчињата треба да си играат со кукли – тоа се делува по малку бизарно но не и опасно и се разбира – не можеме рекламните експерти, корпоративните одбори , наставниците и тетки во градинка, кои сето тоа го промовираат на своите работни места, да ги обвиниме дека ТАЈНО работат на уништувањето на мажот и жената. Многу од нив не знаат каде води оваа идеја. На крајот на краиштата, сето тоа им е спакува како шанса за сите, еднаквост или недискриминацијата. Дури и министерот за семејни работи почна да го изоставува терминот род и го користи терминот стратегија за еднаквост кога се мисли на тоа.
Но, во списанието Zuerst сепак рековте дека родовата теорија е осудена на пропаст!
Во тоа сум сигурна бидејќи со тоа не може да с живее – само да се умре.Клучно прашање е дали ќе успееме навреме да се ослободиме од таа мрежа на заблуда. Бидејќи најлошите последици на родната идеологија остануваат баш на едно есенцијално важно подрачје, а тоа е педагогијата. Какви се последици остануваат на децата на кои од мали им е разнишана сигурноста а кои треба нормално да се развиваат во возрасни лица. Последиците се повеќе од катастрофални. Се работи за нашата иднина. Се поставува само едно прашање: Ќе се освестиме ли на време или ќе допуштиме родната идеологија да не уништи?Вие не знаете ништо за тоа, бидејќи доколку знаете планот нема да може да се реализира. Вас ви рекле дека половата еднаквост е нешто модерно, либер